Алтернаторот најчесто бил основа за остварување на право на гаранција за клиентите на британска осигурителна компанија што нуди и продолжени гаранции. Вкупно 324 клиенти се пожалиле на делот што меѓу другото има задача да го полни акумулаторот при возење. Не е изненадување тоа што автомобилите постари од осум години имаат повеќе дефекти.
Делот од автомобилот што најчесто им откажувал служба на возачките и возачите во Велика Британија во 2020 година е алтернаторот, открива британска осигурителна компанија. Тоа бил делот за кој клиентите најчесто барале да им се оствари правото на гаранција.
Втор најмногу расиплив дел се инјекторите, потоа следат пумпите за вода и сензорите за проток на воздух. Просечната километража на којашто откажувале алтернаторите е 99.931 милји, односно околу 160.000 километри. Просечната старост на автомобилите со овој дефект е малку над девет години.
Автомобилски делови што откажувале најчесто во 2020 година
- Алтернатор
- Инјектори
- Пумпа за вода
- Сензор за проток на воздух
- Турбополнач
- Мотор
- Термостат и куќиште
- Сопирачки клешти
- Стартер (Анласер)
- EGR вентил (систем за рециркулација на издувни гасови)
Од англиската компанија образложуваат дека „списокот на делови со најмногу поплаки во 2020 година докажува дека добрата гаранција уште од почетокот на поседувањето на автомобилот е многу важна, заедно со осигурување што знаете дека ќе ги надомести трошоците кога е потребно“.
Законите во Македонија не дозволуваат какви било гаранциски услуги за користени автомобили
Просечната старост на автомобилите за коишто биле потребни нови делови е меѓу седум и десет години. Компанијата соработува директно со дилерите, а обезбедува и мобилна апликација преку којашто корисниците можат во секое време да додадат гаранциски услуги и да управуваат со истите.
Во последните 12 месеци, стотици нови дилери склучиле партнерство со компанијата, од кои 54 само во текот на ноември.
Најчести дефекти се случувале кај следните делови
(во колоните за милји и старост се наведени просечните вредности)
|
Дел |
Дефекти |
Милји |
Старост (год) |
|
Алтернатор |
324 |
99.931 |
9,26 |
|
Инјектори |
308 |
80.421 |
8,56 |
|
Пумпа за вода |
252 |
69.731 |
8,91 |
|
Сензор за пр. возд. |
224 |
67.617 |
8,92 |
|
Турбополнач |
216 |
88.637 |
8,93 |
|
Мотор |
204 |
81.494 |
8,58 |
|
Термостат и куќиште |
184 |
74.721 |
9,61 |
|
Соп. клешти |
184 |
79.717 |
9,71 |
|
Стартер |
176 |
84.863 |
9,59 |
|
EGR вентил |
160 |
89.921 |
7,86 |
















