за

Бројот на продадени возила не е клучен за шефот на Porsche

За шефот на Porsche, Оливер Блуме, бројот на продадени возила не е клучно мерило за успехот. Спортската марка сепак очекува 300.000 возила.

Возачките и возачите на Porsche најзадоволни

Силината на спортската марка во концернот Volkswagen не е во големите продажни бројки. „Бројот на продадени возила не е релевантна големина“, изјави шефот на Porsche, Оливер Блуме, за германскиот економски дневник Ханделсблат.

Првиот човек во Porsche очекува неговата спортска марка наскоро да надмине 300.000 продадени примероци годишно. „Без корона, веројатно ќе го постигневме тоа уште во 2020 година“, изјави Блуме. Porsche лани продаде 272.000 автомобили или за три проценти помалку отколку преклани. „Ние сепак имаме поставено горна пазарна граница: Porsche отсекогаш постигнувал удел од 0,3 процент на светскиот пазар и сакаме да се ориентираме според тоа и во иднина.“

Најпрофитабилната марка во концернот Volkswagen планира во подолг рок да ја врати старата висока маржа. „Петнаесетте проценти остануваат наша стратешка цел и во иднина“, изјави Блуме. Porsche веќе посочи дека достигнувањето на целната маржа е невозможно во услови на корона. „Пред три години воведовме обемна програма за подобрување на ефикасноста и за вклучување дополнителни извори на приход“. До 2025 година, производителот од Цуфехаузен ќе заштеди десет милијарди евра. Потоа ќе бидат по три милијарди евра годишно. За таа цел веќе се воведени повеќе од 2.500 единечни мерки.

Блуме членува и во управниот одбор на концернот Volkswagen и на тоа ниво одговара за планирањето на производството. Тој има цел да ја смали разновидноста од батериски концепти во концернот. „Моментно имаме голем број варијанти на батерии и веќе го имаме тоа превид“, изјави Блуме. Основа ќе биде батериска ќелија со одредена големина, форма и капацитет, којашто ќе биде поисплатлива за производство и вградување. На таа основна ќелија, во спортските и во луксузните модели ќе се вградува дополнителна ќелија, со којашто ќе се постигнува погон со повисоки перформанси.

Тој концепт треба да се постигне во следните пет години. Блуме наведува и дека во следните години ќе се појавуваат големи предизвици во поглед на батериските ќелии поради недоволните капацитети.

>>> Taycan е добар електричен Porsche и со „само“ 408 КС

porsche taycan start

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

kia електричен кросовер

Електричниот кросовер на Kia ќе полни батерија за 15 минути

Што им нудат Британците на дилерите во размена за користен автомобил

Што им нудат Британците на дилерите во размена за користен автомобил