Електричниот кросовер на Kia ќе полни батерија за 15 минути

kia електричен кросовер

Kia CV ќе биде првиот модел од новата стратегија за електрични автомобили на корејскиот производител. Со него ќе се означи почетокот на цела серија од вкупно седум модели што ќе бидат претставени до 2027 година.

Освен нова генерација на електричен погон, Kia CV ќе го воведе и новиот дизајнерски правец на марката, а ќе биде и прв модел што ќе го понесе новото лого на Kia. Напредната електрична платформа, што заеднички ќе ја користат Kia и Hyundai, става најголем нагласок на брзото полнење на батеријата.

Kia уште во 2019 година почна да го поплочува патот за новиот електричен модел преку студијата Imagine by Kia, прикажана премиерно на салонот во Женева. Изгледот на серискиот модел ќе се раководи според студијата, што значи дека ќе отстапува од дизајнот на постоечките модели на Kia. Специјалните светла од студискиот автомобил секако дека нема да се вградуваат во Kia CV. Студијата нема средишен столб и тоа значително го олеснува пристапот во кабината, но мала е шансата дека ова решение ќе се користи и кај серискиот модел, првенствено поради задоволување на строгите барања за безбедност.

Како основа за Kia CV служи новата платформа од групацијата Hyundai. Подната група има модуларна конструкција и дозволува промени во големината, за користење во модели од различни класи. Благодарение на 800-волтата техника, полнењето на батеријата би траело исклучлително кусо време. Според инсајдерски информации, Ioniq 5 ќе може со помош на напредната техника да ја наполни батеријата до 80 проценти за само 15 минути. Тоа е брзина што може да ја постигне само уште Porsche Taycan.

Oваа платформа ќе ги носи електричните модели на Kia и Hyundai

Покрај изведби со еден електромотор на задната оска, ќе се нудат и варијанти со два електромотори и погон на сите тркала. Купувачите ќе можат да избираат и различни големини на батеријата. Се шпекулира за распон меѓу 58 и 73 kWh. За досегот може да се очекуваат меѓу 450 и 550 километри според реалната норма WLTP.

Kia веќе најави дека премиерата ќе се случи во првото тромесечје од 2021 година. Продажбата би можело да стартува веќе во лето.

>>> Oваа платформа ќе ги носи новите електрични модели на Kia и Hyundai

Претходна објаваDaimler разви посебни камиони-ладилници за разнесување вакцини низ Индија
Следна објаваБројот на продадени возила не е клучен за шефот на Porsche

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here