за

Daimler разви посебни камиони-ладилници за разнесување вакцини низ Индија

Огранокот на Daimler во Индија го конструираше Bsafe Express, специјален камион-ладилник што е наменет за безбеден транспорт на вакцини против корона.

Daimler разви посебни камиони-ладилници за разнесување вакцини низ Индија

Опремен со врвни технологии за конективност, BSafe Express користи посебно развиени разладни модули кои гарантираат дека температурата и стабилноста на вакцините се контролираат прецизно во сите фази на испораката. Како основа служи шасијата BharatBenz 2823R.

Директорот и претседател на огранокот за комерцијални возила на Daimler India, Сатјакам Арија, при премиерата на камионот во индискиот главен град Делхи, порача дека „со овој камион ќе ги доставуваме вакцините во беспрекорна состојба и до најдалечните места и со тоа на повеќе од 1,3 милијарда жители ќе им дадеме надеж за враќање во нормалноста.“

Индија неодамна стартуваше со кампања за вакцинација против корона, со цел до јули 2021 година да се вакцинираат 300 милиони лица. BharatBenz BSafe Express им нуди решение на индиските компании од логистиката за тие да помогнат корона-пандемијата да се стави под контрола во колку е можно покус рок. Тоа е голем предизвик за државата со втор најголем број жители во светот, по Кина.

Разладните контејнери ги произведува компанијата Motherson Group. Тие се изработени од пластика зајакната со фиберглас, XPS-пена и други внимателно избрани материјали, кои гарантираат дека конструкцијата ќе биде цврста, водоотпорна и постојана на корозија, а во исто време има ниска тежина и одлична топлинска изолација. Контејнерот може на лице место да се состави за само 96 часови и тоа е многу попрактично решение од обичните контејнери, за чијашто испорака се потребни три или повеќе недели.

Во контејнерите се поставени посебно изработени IoT-сензори, преку кои се надгледуваат температурата, влажноста, ударите, аголот и оштетувањата. Температурата може да се намести по потреба, а при проблем се активира аларм.

>>> Во ноември во ЕУ се продадени 167.315 камиони, комбиња и автобуси

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seat leon 15 etsi fr тест

Тест: Seat Leon 1.5 eTSI FR

kia електричен кросовер

Електричниот кросовер на Kia ќе полни батерија за 15 минути