Побарувачката за товарни возила во Европа во ноември се вратила на ланското ниво, откако пазарот претрпе драстичен пад во корона-кризата. Со вкупно 167.315 камиони, доставни возила до 3,5 тони и автобуси, во Европската Унија во минатиот месец е забележан пораст во продажбата од 0,1 процент во споредба со истиот месец лани.
Додека интересот за доставни возила до 3,5 тони и автобуси уште е во пад, зголемен е интересот за големите камиони. Есенското пазарно закрепнување сепак нема да ја поправи ситуацијата на пазарот на стопански возила годинава.
Во првите единаесет месеци во Европската Унија се продадени 1,55 милион возила, што е за 20 проценти помалку во споредба со истиот период лани. Најголем пад има во Шпанија, со 28 проценти во минус. Во Германија пазарот се скусил за 16 проценти, додека италијанскиот пазар е 15,6 проценти во минус.
Најголемиот дел од продажбата им припаѓа на доставните возила со 140.106 примероци, додека камиони над 16 тони учествуваат со 19.460 примероци. Вкупно 23.786 автобуси се продадени во ЕУ во минатиот месец.
Продажба на камиони над 16 тони во Европа, од јануари до ноември 2020
| Jan-Nov | |
| GERMANY | 46,341 |
| FRANCE | 33,232 |
| UNITED KINGDOM *** | 24,982 |
| POLAND | 16,288 |
| ITALY | 14,930 |
| SPAIN | 14,698 |
| NETHERLANDS | 8,663 |
| BELGIUM | 5,627 |
| CZECH REPUBLIC | 5,191 |
| AUSTRIA | 5,102 |
| SWEDEN | 4,528 |
| LITHUANIA | 3,835 |
| NORWAY | 3,834 |
| ROMANIA | 3,463 |
| DENMARK | 3,102 |
| PORTUGAL | 2,763 |
| HUNGARY | 2,723 |
| SWITZERLAND | 2,679 |
| FINLAND | 2,111 |
| BULGARIA | 1,902 |
| SLOVAKIA | 1,593 |
| IRELAND | 1,571 |
| SLOVENIA | 1,182 |
| LUXEMBOURG | 719 |
| CROATIA | 633 |
| LATVIA | 588 |
| ESTONIA | 435 |
| GREECE | 333 |
| ICELAND | 95 |
| CYPRUS | 37 |
>>> MAN TGX е најдобар камион во светот за 2021 година

















