за

ЕУ вложува 2,9 млрд. € во фабрики за батерии за електрични автомобили

Повеќе од 40 компании од ЕУ, вклучувајќи ја Tesla, ќе добијат субвенција за производство на батерии за електрични автомобили. На дванаесет држави во ЕУ им стојат на располагање 2,9 милијарди евра.

Webasto производство батерии

ЕУ-комесарката за конкурентност Маргрет Вестагер цени дека „иновативните батерии се еден од клучевите за успехот на електричните автомобили“, откако Комисијата на ЕУ одобри на 43 компании од Унијата, вклучувајќи го и калифорнискиот производител на електрични автомобили Tesla, да им се исплатат субвенции во вкупна висина од 2,9 милијарди евра. Унијата понатаму цени дека е преголем ризикот доколку во ова подрачје да се инвестира само во една компанија или во само една држава членка на ЕУ.

Проектот со изградбата на фабрики за производство на електрични автомобили го отпочна Германија, меѓутоа ЕУ посочи на претходно спомнатите ризици доколку се вложува во само една компанија или држава, и поради тоа германскиот проект го класифицираше како Важен проект за заеднички европски интерес (IPCEI). Државите во ЕУ сега ќе можат да издвојуваат многу поголеми финансии за компаниите што ќе бидат дел од проектот, отколку што е вообичаено преку субвенции.

Германското министерство за економија побара одобрување на субвенцијата во декември лани. Меѓу учесничките во проектот се автомобилските концерни, како BMW и Fiat, но и бројни компании со средна големина и стартапи. Tesla беше вклучена во субвенцијата од германската држава поради планираната изградба на фабрика за батерии во Гринхајде, во близина на Берлин.

Tesla во минатата недела објави дека добила одобрение за подготовка за планираната фабрика за батерии, којашто ќе биде изградена веднаш покрај фабриката за електирчни автомобили што веќе е во изградба. Калифорнискиот електро-специјалист ќе го произведува Model Y, кој е СУВ-изведба врз база на Model 3.

Со субвенциите се покриваат сите фази во синџирот на создавање дополнителна вредност, од суровини, до рециклирање

Со проектот се покрива целиот производствен синџир, почнувајќи од обезбедување суровини, преку развој и производство на батериски ќелии, до нивно собирање и рециклирање. Според комесарката за конкурентност Вестагер, овој производствен синџир е „од стратешко значење за иднината на Европа, особено во поглед на чистата мобилност без штетна емисија.“

Со организирањето на производство на батериски ќелии, Европа ќе може да им се спротивстави на азиските концерни, кои моментно доминираат на пазарот. Поради растечката побарувачка за електирчни автомобили, Комисијата на ЕУ сака да избегне ситуација во којашто Европа би била зависно од кинеските, јапонските и корејските фирми. Батериите се најскап дел од електричните автомобили и се клучни за нивната атрактивност, затоа што од нив зависи и досегот на автомобилите.

Volkswagen вложува 450 мио € во фабрика за батерии
Volkswagen вложува 450 мио € во фабрика за батерии

Ова е досега втор проект вреден милијарди евра во производството на батерии. Комисијата во 2019 година даде зелено светло за 3,2 милијарди евра за државна помош околу изградба на фабрики за батериски ќелии во Европа. Најголемиот дел од буџетот и тука доаѓа од Германија, којашто учествува со 1,25 милијарда евра.

Покрај тоа што проектот ќе привлече милијарди евра приватни инвестиции во Германија, со него се отвораат и илјадници работни места за висококвалификувани работници. Заедно со првиот пакет субвенции, вкупната инвестиција ќе достигне 13 милијарди евра и ќе се отворат над 10.000 нови работни места.

>>> Mercedes EQA: Тука почнува електричното возење под ѕвездите

Mercedes EQA: Тука почнува електричното возење под ѕвездите

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

cupra volkswagen meb platforma silent yachts соларно електрична јахта

Погон од Volkswagen во соларно-електричен катамаран

tesla model s полиција фремонт калифорнија

Бајден целиот возен парк на САД ќе го префрли на струја