за

Бајден целиот возен парк на САД ќе го префрли на струја

Американскиот претседател Џо Бајден, во служба од минатата недела, планира владиниот возен парк целосно да го префрли на електрични возила.

tesla model s полиција фремонт калифорнија

Администрацијата на претседателот Џо Бајден ќе применува сосем различна политика за заштита на климата отколку таа на претходникот Трамп. Според Бајден, од клучна важност е државниот возен парк да се префрли на електричен погон.

Новиот американски претседател, на свои 78 години, повеќе е за радикални промени во автомобилската политика во земјата, отколку за традиционални навики во поглед на изборот на возила. „Владата располага со огромен возен парк, што ќе го замениме со возила кои користат чиста енергија. Возила што се произведени тука во Америка, од американски работници“, автомобилскиот гласник Аутомотив Њуз го цитира Претседателот.

За на возачите да им се обезбедат можности за користење на возилата со електричен погон, Бајден ќе вложува масивно во поставувањето на 550.000 јавно достапни станици за полнење електрични возила.

Уште нема конкретни податоци. На пример, не се посочува крајниот рок до којшто ќе се реализираат плановите. Најавите на Бајден се однесуваат на автомобилите што ги користат државните служби, како полицијата, противпожарната служба и војската, но и поштенските возила. Според Аутомотив Њуз, вкупниот број на овие возила достигнува околу 650.000 возила. Нивната замена би чинела најмалку 20 милијарди долари.

Друго прашање е кои возила се соодветни за одредена намена. Камионите со целосно електричен погон, на пример, уште се во ран стадиум. General Motors сепак веќе работи на развој на целосно електрични комбиња за достава, што ќе се користат од поштенските служби. Новиот GMC Hummer со електрични 1.000 КС може да биде интересен за војската. Автомобили од типот на Ford Mustang Mach-E се можна опција за полициски возила. Најавената електрична изведба на пикапот Ford F-150 може да се користи за истат намена, вклучувајќи ги и ренџерите.

Големо прашање е „најголемиот“ автомобил во зејата, „ѕверот“. Можна опција за претседателскиот автомобил би била некоја продолжена изведба на Cadillac Celestiq.

>>> Полициска Tesla ја прекина потерата: Батеријата се потроши

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Webasto производство батерии

ЕУ вложува 2,9 млрд. € во фабрики за батерии за електрични автомобили

Lamborghini Sian на спектакуларни кадри во Лондон

Lamborghini Sian на спектакуларни кадри во Лондон