Volvo не вградува кожа во своите електрични автомобили

Volvo Cars во следните години ќе лансира комплетно ново семејство модели со чисто електричен погон. По 2030 година, Швеѓаните ќе нудат исклучиво електрични автомобили – мирисот на обработена кожа ќе биде туѓ за тие автомобили.

Како дел од плановите за целосно да ја исклучи примената на кожа во своите автомобили, Volvo Cars работи на развој и усовршување на заменски материјали со висок квалитет, кои воедно ќе потекнуваат од обновливи извори. Со нови материјали се ги заменуваат и останатите материјали што се вообичаени во автомобилската индустрија, но не одговараат од гледиште на одржливоста и заштитата на животната средина.

До 2025 година, компанијата цели една четвртина од материјалите во новите автомобили на Volvo да бидат рециклирани или на био-основа. До 2040 година, сите материјали ќе бидат од обновливи извори, вклучувајќи и рециклирање. Шведската компанија воедно ќе бара и од добавувачите на материјали да користат исклучиво енергија од обновливи извори по 2025 година.

Откажувањето од примена на кожа во ентериерот на возилата произлегува и од загриженоста на Volvo околу негативните влијанија на фармерството врз животната средина, вклучувајќи и уништување на шумите. Се цени дека 14% од глобалната емисија на стакленички гасови произлегува од сточарството, со најголем удел на одгледувањето животни на фарма.

https://photos.app.goo.gl/gRLmbaSP4CKGCV8A9

Еден од заменските материјали е Nordico, што е платно изработено од рециклирани материјали, како шишиња, од биоматеријали од шуми во Шведска и Финска и од материјал од рециклирани затки од винската индустрија. Тоа ќе биде нов стандард за ентериер со премиум квалитет. Новиот материјал ќе почне да се користи веќе во следната генерација модели на Volvo.

>>> Хибридите на Volvo отсега возат до 90 километри на струја

Претходна објаваMercedes-Benz 170 од 1931 година е првиот големосериски автомобил со независно водење
Следна објаваRolls-Royce најавува премиера на електричен модел в среда

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here