Електричниот погон не е туѓ за марката на Хенри Ројс и Чарлс Ролс. Во најавата за утрешниот настан, од Rolls-Royce потсетуваат дека погонот на струја се поврзува со самите почетоци на компанијата.
Основачот Чарлс Ројс уште во април 1900-та година ја предвидел електричната иднина на автомобилите. Утре во Гудвуд ќе се случува следната историска пресвртница на Rolls-Royce. Британците ќе го претстават својот прв луксузен автомобил што користи чисто електричен погон. Тоа и не е толку ново поглавје за производителот на најдобрите автомобили во светот. Електричниот погон беше присутен уште во самите почетоци на компанијата.
Неколку моменти во изминатите години укажуваа на воведувањето на електричниот погон во Rolls-Royce. Како што наведуваат од компаниајта, единствено се чекало технологијата да созрее во технички и естетски поглед, како и во перфомансите, при што се мисли првенствено на досегот и на времетраењето на полнењето на батеријата.
Нема преодна електрификација и хибриден погон, Rolls-Royce преоѓа директно на чисто електричен погон
Пред утрешниот голем момент и за марката и за пазарот, од Rolls-Royce потсетуваат дека моторите со внатрешно согорување не биле единствено погонско решение во раните години на компанијата. Паралелно се произведувале и автомобили со парен погон, но и чисто електрични автомобили. Парниот погон ја изгуби битката, но електричниот погон уште тогаш ги доживеа своите први славни моменти.
Погонот на струја не се проби од истите причини со коишто сцената се соочуваше и сто години подоцна: Исклучително мал досег и непостоечка мрежа од полначи. Во последните години, Европа, а во ништо помала мера и Кина, напредуваа рапидно во тој поглед.
Тивката работа, моќното повлекување без колебање, исклучителната моќност и отсуството на издувни гасови се квалитети што електричниот погон го прават идеален за луксузните автомобили.
Најажните поглавја од историјата на Rolls-Royce поврзани со електричниот погон
СЕР ХЕНРИ РОЈС
Роден во 1863 година, Хенри Ројс е меѓу првите електро инженери во светот. Неговата компанија F H Royce & Co во почетокот произведува електрични ѕвона, светилки, осигурувачи и прекинувачи, а потоа почнува со динама, електромотори и вители. Во 1902 година, тој испорачува електромотори за Pritchett & Gold, еден од првите производители на електрични автомобили.
Сер Хенри Ројс во прототип на ROLLS-ROYCE PHANTOM I пред својот дом во Елмстед, во 1923 година
https://photos.app.goo.gl/jqMte7mbtC5n7bKD9
ЧАРЛС РОЛС
Електриката уште од детството го привлекувала интересот и на Чарлс Ролс. По полнолетството во 1896 година, тој во Париз го купил својот прв автомобил, Peugeot Phaeton 3,75 HP. Две години подоцна, Ролс го купува својот прв електричен автомобил, американски The Columbia Electric Carriage. Во својот салон за автомобили во Фулем, тој поставува и полнач за електричните автомобили Brougham што се релативно чести во тоа време во Лондон. Во 1904 година, Чарлс Ролс потпишува договор за Contal Electromobile, но подоцна го откажува откако го започнува бизнис партнерството со Хенри Ројс. Пионерот и голем визионер за електричниот погон загина во авионска незгода на свои 32 години.
Чарлс Ролс во COLUMBIA ELECTRIC CARRIAGE, во 1898 година
https://photos.app.goo.gl/sjCUPw2uZBRv6RTw7
Гудвуд цела деценија го најавува моментот што ќе се случи утре на 29-ти септември
PHANTOM EE (102EX) од 2011 година
Phantom Experimental Electric (EE), под кодно име 102EX е концептен автомобил со погон на струја, целосно функционален и со дозвола за редовен сообраќај. Бројни клиенти, медиуми и ентузијасти можеа во изминатите години да го тестираат автомобилот. Погонот се состои од два електромотори на помошна рамка назад и литиум-јон батерија, со моќност од 290 kW (394 KС) и 800 Nm вртежен момент.
https://photos.app.goo.gl/b4aeNXhsyAfQhNch9
ROLLS-ROYCE VISION NEXT 100 (103EX) од 2016 година
Радикално замислениот концептен автомобил ја прикажуваше иднината на марката во подолг рок. Rolls-Royce со овој автомобил им нудеше можност на клиентите да изберат каросериска надградба по желба. Виртуелен асистент и автопилот се „стандардна опрема“ во 103EX. Внатрешноста е изработена со ретки и скапи материјали. Крстосувачот од 5,9 метри возеше три години ширум светот, за во 2019 година да се врати во Гудвуд.
https://photos.app.goo.gl/hPhN5e3zjYcziFD1A
>>> Вака изгледа новиот салон на Rolls-Royce во Лондон

















