На тјунинг сцената обично не ѝ треба многу за да воведе нови трендови. Некогаш е доволна една преработка што ќе послужи како инспирација за целата бранша да се посвети одредено време на еден модел. На пример, Dacia Duster според замислата на германската тјунерска работилница Prior Design.
Стилистите на Prior Design, германска компанија за тјунирање во гратчето Камп-Линтфорт, во близина на Диселдорф, обично работат со модели на McLaren, Porsche, Ferrari, Lamborghini, секако и со Audi, BMW, Mercedes. Деновиве, нивната вештина најдобро ја претставува една марка што не се спомнува толку често кога станува збор за тјунирање. Dacia Duster со широк каросериски кит од Prior Design се проби како главна ѕвезда на тјунинг сцената.
Каросерискиот кит за актуелното моделско годиште на романскиот СУВ се состои од аеро-продолжеток на предниот браник, од масивни проширувања на предните и задните крила, како и на праговите, завршувајќи со дифузорски додаток во задниот браник. Аеро-китот за Duster е изработен од квалитетен композит од фиберглас и дура-флекс. Како што наведуваат од Prior Design, материјалот се одликува со одличен изглед на површината и со цврстина, трпи мали удари и воедно овозможува едноставно и евтино лакирање. Прецизната изработка овозможува брзо поставување.
https://photos.app.goo.gl/SagWhUgXNBv6iJa78
Китот чини 3.000 евра, а може да се додаде и кровен спојлер по цена од 300 евра. За Dacia Duster да изгледа верно на примерокот со кого што германските тјунери си ја рекламираат работата, секако дека треба да се вложи и во тркала со соодветен офсет и гуми во соодветен форма, во дистанцијали за проширување на трагата на оските, нормално и во амортизери и пружини за спуштање на каросеријата, во издув, а се наѕираат и сопирачки клешти лакирани во црвено, што веројатно потекнуваат од големо име на сцената. Издувот исто така не изгледа секојдневно.
Покрај тоа, каросериските елементи, на пример, рачката во задниот поклопец, обложени се со црна фолија. Основата исто треба да биде соодветна: Прикажаната Dacia Duster е во топ-изведбата Prestige. Ефектот е постигнат во секој случај.
https://photos.app.goo.gl/e2XeeYoeZuCbp9zu9
Целата видео-трилогија околу тјунирањето на Dacia Duster во Prior Design во продолжение:
















