Фабриката во Минхен е единствена во производствената мрежа на BMW што се наоѓа во градско подрачје. Распишан е конкурс во којшто учествуваат најреномирани архитектонски бироа од цел свет, со задача фабриката повеќе да ја приближат кон градот и кон граѓаните.
Групацијата BMW во октомври стартува со меѓународниот архитектонски конкурс „BMW Минхен – урбано производство“. Целта е да постави нова структура според којашто историската фабрика ќе се развива во иднина. Притоа ќе се зема најмногу предвид тоа што фабриката се наоѓа на подрачјето на градот Минхен. Фабриката ќе се развива во производствен кампус во урбана средина, што ќе биде единствен во светски рамки.
Изборот меѓу шестте реномирани архитектонски бироа ќе биде познат во почетокот на следната година. Победникот ќе го избира стручно жири, вклучувајќи ги градоначалникот на Минхен и членовите во управниот одбор на BMW. По конкурсот се планирани настани за информирање на жителите. Најмногу внимание ќе се посветува на сообраќајните врски, на соседството и на одржливоста.
Петуелринг ќе се отвора за јавноста да може слободно да се движи во производствениот кампус
Фабриката во баварската престолнина се подготвува за производство на моделите од „новата класа“, односно тоа се автомобили со електричен погон и со најнапредната технологија со којашто располага BMW, по пример на техно-револуционерот iNext или i4. Од архитектите се бара и решение за отворање на фабриката што се наоѓа во централното подрачје на Минхен за јавноста.
Матичната фабрика на Баварците в година одбележува стогодишнина. Во почетокот тука се произведувале авионски мотори и мотоцикли. Есенва стартува производството на првиот целосно електричен модел во Минхен, на BMW i4. Производството на мотори ќе се сели постепено до 2024 година, во Штаерска/Австрија и во британската фабрика во Хамс Хол. Промените се случуваат во три клучни подрачја: Трансформација во насока на електромобилност и дигитализација, ефикасност на процесите и структурите, и одржливост во производството и снабдувањето.
На конкурсот ќе учествуваат шест реномирани архитектонски бироа:
- Allmann Sattler Wappner . Architekten GmbH, München
заедно со rabe landschaften | netzwerk studio urbane landschaften, Hamburg, - URBAN STANDARDS GmbH, München & MIC mobilty in chain, Mailand
Ernst Niklaus Fausch Partner AG, Zürich
заедно со 3:0 Landschaftsarchitektur, Wien & Michael Angelsberger, Planungsbüro für Verkehr und Mobilität, München - HENN GmbH, München
заедно со Ramboll Studio Dreiseitl, Überlingen & Ingenieurbüro Schlegel GmbH & Co. KG, München - OMA, Rotterdam
заедно со Vogt Landschaftsarchitekten GmbH, Berlin & Systematica S.r.l., Mailand - Spacecouncil, Zürich
заедно со USUS, Zürich & Erath-Rusterholz, van Eggermond & co, Basel - +3XN, Kopenhagen
заедно со Latz + Partner LandschaftsArchitekten Stadtplaner, Kranzberg WSP & GXN, Kopenhagen
















