Париз има најголема зона 30 во Европа

Француската престолнина ја воведе најголемата зона со темпо 30 во Европа, што ја покрива целата површина на градот, со исклучок на неколку главни сообраќајници, како Шанзелизе или обиколницата околу градското јадро.

Зоната со темпо 30 претходно покриваше две третини од Париз, а од неодамна е проширена речиси на целата територија, со цел да се намали бројот на сообраќајни незгоди, да се намали бучавата од возилата, а секако и да се намали загаденоста. Од 1-ви август и градот Монпелје на медитеранското крајбрежје воведе зона со брзина до 30 km/h.

Промените во Франција следат откако властите во белгиската престолина Брисел објавија нови податоци, што покажуваат намалување во бројот на сообраќајни незгоди, повредени и загинати лица, по воведувањето на зоната со темпо 30 во јануари.

Според последните податоци од првите шест месеци од годинава, бројот на лица со сериозни повреди и загинати лица е намален за 25 проценти во споредба со просекот во првата половина од годината во периодот меѓу 2016 и 2020 година. Последните статистики прикажуваат намалување дури и во споредба со лани, кога градот неколку месеци се наоѓаше во строг полициски час.

Од друга страна се бележи зголемување во бројот на повредени велопсипедисти во последните две години, што се објаснува со зголемениот број на лица што користат велосипед за превоз во Брисел.

Брисел регистрира и намалување на бучавата, како уште една форма на загаденост на животната средина

Властите во седум градови во Германија се надеваат дека новата сојузна влада ќе воведе промени во правната регулатива, којашто на локалните власти ќе им даде поголема контрола над воведувањето брзинско ограничување. Градовите планираат да воведат пробни зони со темпо 30 km/h, со цел да се намалат загаденоста на воздухот, бучавата и да се подобри безбедноста.

Шкотските медиуми известуваат дека во населените подрачја во земјата наскоро може да се воведе ограничување на 20 километри на час. Слични проекти веќе се отпочнати во Велс. Организација на безбедност на сообраќајот во Финска исто така бара во земјата да се воведат повеќе зони со темпо 30. Според организацијата, постои јасна врска меѓу воведувањето повеќе зони со темпо 30 и намалувањето на бројот на незгоди.

Претходна објаваBMW бара нов архитект за фабриката во Минхен
Следна објаваПрвиот петцилиндарец на Audi проработе пред 45 години

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here