Првиот петцилиндарец на Audi проработе пред 45 години

Првиот модел на Ауди со 5-цилиндарски мотор е Ауди 100 5Е (Ц2), со 136 КС

Audi пред 45 години првпат вгради петцилиндарски бензинец во свој модел. Моторот понатаму добиваше турбонатполнење, пречистување на издувните гасови и четиривентилска техника. Моторот со „екстра“ цилиндар возеше и на рели, а Audi уште во почетокот понуди и дизел-петцилиндарец.

Моторот 2.5 TFSI на Audi деветпати во низа е прогласуван за светски мотор на годината од жири составено од врвни инженери. Моќниот петцилиндарец што денес се вградува во Audi RS 3 ја продолжува традицијата во најдобар манир.

Култниот статус на овие машини се темели на успехот во мотоспортот, но и врз издржливоста и штедливоста. Секако дека и звукот влијае многу врз имиџот. Редоследот на палење 1-2-4-5-3 прави звукот на моторот да биде впечатлив на улица и препознатлив за познавачите.

Првиот петцилиндарец беше вграден во 1976 година во Audi 100 (C2). Лимузината и комбито од втората генерација на моделот беа позиционирани повисоко од претходничките. Шефовите бараа да се вградуваат поголеми мотори. Се избираше меѓу пет и шест цилиндри, за на крајот да победи првото решение, поради подобрата тежинска распределба. Моторот беше развиен од фамозниот EA 827, на кого што во основата му беше додаден уште еден цилиндар.

Првиот петцилиндарец на Audi во 1976 година

https://photos.app.goo.gl/YQ84st6a2RtTpF7g7

Во 1970-те овој мотор се вградуваше и во Audi 80. Верзијата од 2,1 литар располагаше со 136 КС. Модерен систем за впрскување се грижеше и за моќ и за штедливост. Првите примероци од Audi 100 5E беа испорачани во март 1977 година.

Audi 80 CD (B2), 1982

https://photos.app.goo.gl/q6p7yq9rHeoQsMPx8

Само една година подоцна беше претставен и првиот дизел со пет цилиндри, со зафатнина од два литри и моќност од 70 КС. Во 1979 година, Audi повторно се докажа како пионер, со првиот петцилиндарски бензинец со турбонатполнење. Моторот со 170 КС и 265 њутнметри создаде ѕвезда од Audi 200 5T.

Audi 100 GL 5D (C2), 1978

https://photos.app.goo.gl/Stu9t6oPXd3hwbdW7

Audi 200 5T (C2), 1981

https://photos.app.goo.gl/NnvNZ3kmzB3xw6DPA

Врвот следеше во првиот Audi quattro од 1980 година. Со турбо, интеркулер и постојан погон на сите тркала, моторот претставуваше моќен технички пакет и за трка и за улица. Моќноста во почетокот изнесуваше 200 КС. Финецот Хану Микола во 1983 година победи во конкуренција на возачи во светското рели. Во истата година Audi го претстави Sport quattro, покус за 24 сантиметри и со поширока трага.

Audi quattro (B2), 1980 (Салон Женева)

https://photos.app.goo.gl/wkEFB9opmjduBS5h6

Audi quattro A2, Group B, 1983

https://photos.app.goo.gl/DY8rfehVdfELJQQN6

Audi Sport quattro (B2), 1984

https://photos.app.goo.gl/pVx8bVhN64jdpRVj8

Екстремниот спортист доби нов петцилиндарец со четиривентилска техника, изработен од алуминиумска легура и со моќност од 306 КС. Sport quattro стана најсилен автомобил од германска марка, со дозвола за пуштање во сообраќај. Тој послужи како основа за рели-болидот од прочуената Група Б, каде што испорачуваше 450 КС. Автомобилот првпат учествуваше на претпоследното рели во 1984 година, на Рели на Слоновата коска. Останатите 11 трки во сезоната ги извозе Стиг Бломквист со Audi quattro A2 од Група Б, со 360 КС. Тој победи во конкуренција на возачи, Audi во конкуренција на конструктори.

Незаборавно: Валтер Рерл со Audi на Пајкс Пик

Славните моменти продолжија и по заминувањето на Audi од релито во 1986 година. Валтер Рерл победи на ридската трка Пајкс Пик во 1987 година, со Audi Sport quattro S1 (E2). Болидот располагаше со 598 КС. 

Audi Sport quattro S1 (E2), 1987

https://photos.app.goo.gl/p6BxoFJP5YMsw4yTA

Audi Coupé 2.3E (B3) 1984

https://photos.app.goo.gl/HZyRrsHwBADyQDjZ6

Важен историски момент беше премиерата на Audi 100 TDI на салонот во Франкфурт во 1989 година. Тој е првиот сериски автомобил со петцилиндарски турбодизел со директно впрскување и целосна електронска контрола. Моторот од 2,5 литри постигнуваше 120 КС. Палетата од бензински петцилиндарци продолжуваше да расте. Во 1994 година следеше Audi RS 2 со 315 КС. Во комби-изведба Avant, овој модел создаде сосем нов пазарен сегмент.

Audi 200 quattro 20V (C3), 1990

https://photos.app.goo.gl/dFxd7DvxAo4aAQfz9

Audi 100 TDI (C3), 1990

https://photos.app.goo.gl/mewurvtoqHXhtvzx8

Во 1990-те години, петцилиндарците беа заменувани со мотори со 6 цилиндри. Последните петцилиндарци, 2.5 TDI во Audi A6 и 2.3 Turbo во Audi S6, заминаа од производство во 1997 година.

Audi S2 Avant (B4), 1992

https://photos.app.goo.gl/g5o2NxgBV5CdKXCm6

Audi Avant RS 2 (B4), 1994

https://photos.app.goo.gl/pfgU5Pzc263FC7F8A

Турбо и директно впрскување во Audi TT RS

Големото враќање следеше во 2009 година, со турбо и директно впрскување во Audi TT RS. Моторот од 2,5 литри, развиен од quattro GmbH и вграден попречно, испорачуваше 340 КС. Во 2021 година, на тоа следеа уште 20 КС, во Audi TT RS plus.

Audi TT RS Roadster, 2009

https://photos.app.goo.gl/XJiq3zeqQV4pPZhUA

Audi RS 3 Sportback, 2011

https://photos.app.goo.gl/E3QNjEytxSdh8RWz5

RS Q3 во 2013 година постави основи за уште еден сегмент, на спортски СУВ-модели од компакт класата. Моторот беше ист како во TT RS и RS 3. Покус од 50 сантиметри, со долг óд на клиповите (95 mm наспроти 82,5 mm пречник) моторот се вградуваше едноставно и во моделите од голф-класата.

https://photos.app.goo.gl/bamSLDcMen1otGmU6

Audi RS 3 Sportback, 2015

https://photos.app.goo.gl/ZJUVSYerA2VwydNv5

Од првично 310 КС, моторот кон крајот на 2014 година достигна 340 КС. Во 2016 година следеше RS Q3 performance, со моќност од 367 КС, за новото издание на RS Q3 во 2019 година да качи на 400 КС и 480 њутнметри. Деветпати во низа, врвно жири од стручни техничари го избира 2.5 TFSI за светски мотор на годината во неговата категорија.

Рекордни вредности на забрзувањето и на крајната брзина: 2.5 TFSI во Audi RS 3

Петцилиндарецот денес работи помоќен од кога било досега во новиот Audi RS 3. Спринтот до темпо сто трае 3,8 секунди, крајната брзина е ограничена на 250 km/h. По барање, лимитот се поместува на 280 km/h. Со пакет RS и керамички сопирачки, цивилниот тркач вози до 290 km/h. Тоа се врвни вредности во класата на Audi RS 3.

Audi RS Q3 performance, 2016

https://photos.app.goo.gl/gVPHWCwRkQPXV2eb6

Audi TT RS Coupé, 2016

https://photos.app.goo.gl/Gu37farGCVKRqNJv7

>>> Новиот Audi RS 3 го задржа петцилиндарецот со 400 КС

Претходна објаваПариз има најголема зона 30 во Европа
Следна објаваЕвропа купува повеќе електрични отколку дизел автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here