за

BMW iX & BMW i4 ќе се произведуваат со зелена струја од минхенската „Матка“

BMW за производството на своите електрични модели iX и i4 ќе користи чиста електрична енергија што се произведува во локалните хидроцентрали.

Групацијата BMW за производството на своите нови електрични автомобили BMW iX и BMW i4 во фабриките во Динголфинг и Минхен ќе користи регионална зелена струја произведена со помош на енергијата на водата.

Компанијата има потпишано договор со локалните дистрибутери на електрична енергија Stadtwerk München и RWE Supply & Trading. Струја од обновливи извори се испорачува од хиброцентралите на реките Исар и Лех. Директорот за производство на BMW AG, Милан Недељковиќ, изјави: „Ние ја подразбираме одржливоста во целосна форма. Возењето автомобоил не е единственото што треба да биде без штетна емисија. Нашата цел е да продолжиме со значително смалување на СО2-отпечатокот на нашите производствени процеси.“

BMW Group веќе користи исклучиво зелена струја во бројни свои фабрики ширум светот. Новината е во тоа што во иднина ќе се соработува директно со регионалните дистрибутери на струја од обновливи избори што се во близина на фабриките на BMW.

Паралелно се зголемува и уделот на струја од обновливи извори за останатите фабрики. Во фабриката во Лајпцих уште од 2013 година се користи струјата добиена од четирите ветерни турбини, кои ја покриваат целата потреба од енергија за производството на BMW i3. Понатаму, во најновата фабрика, во Сан Луис Потоси, во Мексико, соларни постројки се грижат за покривање за голем дел од потребата од струја.

Емисијата на СО2 при производството во BMW Group во 2019 беше намалена за повеќе од 70 проценти во споредба со 2006 година, целта е актуелната вредност до 2030 година да се смали за уште 80 проценти. Тоа значи дека до крајот на деценијава, фабриките на BMW ќе испуштаат само 10 проценти од емисијата во 2006 година.

>>> Ветерниците во фабриката на BMW i3 станаа божикни свеќи

Ветерниците во фабриката на BMW i3 станаа божикни свеќи

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Hyundai и Kia градат фабрика за водороден погон во Кина

По тутулата на Yaris, унапредување за Мет Харисон во прв човек на Toyota во Европа