за

Ветерниците во фабриката на BMW i3 станаа божикни свеќи

Четирите ветерници во фабриката на BMW во Лајпцих уште од 2013 година испорачуваат зелена струја за производството на електричниот BMW i3.

Ветерниците во фабриката на BMW i3 станаа божикни свеќи

Нова задача за ветерниците во фабриката на BMW во Лајпцих. Тие симболично се претворија во божикни свеќи, а реално придонесуваат многу за одржливоста на производството во BMW.

Првиот целосно електричен автомобил од групацијата BMW уште од почетокот во 2013 година се произведува со зелена струја од енергијата на ветрот. Ветерниците се високи по 190 метри и располагаат со номинална моќност од по 2,5 мегавати. Лани тие произвеле 26,4 гигаватчасови струја од струењето на ветрот. Тоа е исто колку потрошувачката на повеќе од 5.000 тричлени домаќинства за една година.

За Божик, тие стануваат свеќи за одбележување на големите празници. Секоја недела до празникот светнува по еден ротор во бела боја, место како вообичаено во сина боја. На крајот светат сите четири ротори. За осветлувањето да биде рамномерно се грижат по 8 моќни ЛЕД-рефлектори. Струјата за нив, секако, потекнува од ветерниците.

Со ветерниците се покрива една петина од потребата од струја во фабриката во Лајпцих. Кога мирува производството на електирчните возила, енергијата се насочува кон останатите подрачја. Струјата од 4-те постројки дополнително се насочува кон т.н. акумулаторска фарма во кругот на фабриката. Во оваа акумулаторска фарма, што е отворена во 2017 година, се наоѓаат околу 700 високонапонски батерии од BMW i3. Енергијата од овие батерии по потреба се насочува кон јавната струјна мрежа, заради нејзино стабилизирање, односно за дополнително напојување на мрежата.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

 

 

 

>>> Audi, BMW, Mercedes: Продажбата класа по класа

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Животната приказна на Lexus Создавањето на луксузната марка на Toyota

Животната приказна на Lexus: Создавањето на луксузната марка на Toyota

Советот на Volkswagen заседаваше поради кари-колбасите

Советот на Volkswagen заседаваше поради кари-колбасите