Советот на Volkswagen заседаваше поради кари-колбасите

Советот на Volkswagen заседаваше поради кари-колбасите

Кари-колбасите се заштитен белег на Volkswagen, исто колку што се бубата или голфот. Овие колбаси се продаваат во супермаркети, во фабричките продавници, и секако во фабричките ресторани. Поради корона, продажбата на кари-колбасите паузираше извесно време. Вработените се незадоволни. Дури и работничкиот совет ги стави колбасите на дневен ред.

Колбасите на Volkswagen се своевиден култ и имаат долга традиција во фабриката во Волфсбург. Во почетокот дури и самостојно се одгледувале свињи. До денес колбасите се изработуваат во сопствената месарница. На пакувањето пишува дека се работи за „Оригинален дел Volkswagen“. Каталогот за нарачки исто така го наведува кари-колбасот.

Проблем настана пролетоска, откако изби пандемијата. Оттогаш не се нуди кари-колбас во фабричките ресторани, затоа што е голема опасноста од пренесување на вирусната инфекција преку пултовите за самопослужување. Единствен „ден за кари колбас“ е вторник. Вработените негодуваа, па дури мораше да се вклучи и моќниот работнички совет.

Во 2014 година, Volkswagen произведе 6,3 милиони колбаси со кари и 6,12 милиони автомобили од матичната марка

Дневната порција колбаси најмногу им недостигала на вработените во Хала 54 во фабриката во Волфсбург. Тие отсега ќе можат повторно да уживаат во вкусното јадење – секој ден. Решение е најдено на тој начин што персоналот во кантината сам ги послужува колбасите, место работниците да посегнуваат во пултот. Работничкиот совет оценил дека тоа не претставува дополнително работно задолжение за персоналот во кујната, затоа што работниците кои ќе земат колбас, нема да побараат друго јадење, и дал одобрение за новата процедура. Советот бара новиот модел на послужување да се примени во сите кантини, за работниците да можат секој ден да си уживаат во кари-колбасите на Volkswagen.

>>> (објава од 2017 година · Volkswagen ги орасположува акционерите со 2900 колбаси и 12000 переци

Претходна објаваВетерниците во фабриката на BMW i3 станаа божикни свеќи
Следна објаваДузина Tesla-Taxi во претпразнична тура низ Будимпешта

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here