за

По тутулата на Yaris, унапредување за Мет Харисон во прв човек на Toyota во Европа

Мет Харисон е нов претседател и извршен директор на Toyota Motor Europe, и воедно нов извршен директор на Toyota Motor Corporation во Европа, на местото на Др. Јохан ван Зил.

Откако Yaris синоќа беше прогласен за автомобил на годината, досегашниот заменик извршен директор Мет Харисон преоѓа на највисокото скалило на Toyota во Брисел.

Европскиот огранок на Toyota (TME), од својата централа во Брисел, попладнево соопшти дека претседателот и извршен директор, Др. Јохан ван Зил, кој е воедно и извршен директор во Toyota Motor Corporation (TMC) за европскиот регион, на 1-ви април ќе ја препушти својата функција. Др. ван Зил, родум од Јужна Африка, беше на челото на TME и на европоскиот регион за корпорацијата Toyota од април 2015 година. Претходната позиција му беше директор на Toyota South Africa Motors (Pty) Ltd., задржувајќи го претседателското место во таа компанија, по назначувањето во Брисел во 2015 година. Докторот ќе ја задржи таа позиција и по 1-ви април.

На местото на Др. ван Зил доаѓа досегашниот заменик извршен директор на „европската Toyota(TME), Мет Харисон, кој ќе биде назначен за претседател и извршен директор на TME и извршен директор за регионот на Европа во „јапонската“ TMC. Британецот почна да работи во Toyota во 2000 година и беше на неколку раководни функции во Европа, вклучувајќи и функција на директор на Lexus Europe од 2008 година. Во 2013 година, Харисон стана директор на Toyota Great Britain, две години подоцна ја презеде функцијата на заменик претседател за продажба и маркетинг, а во 2019 година и функцијата на заменик извршен директор во TME.

Европскиот бизнис на Toyota вистински процвета во последните шест години, со постојан напредок. Под раководство на Мет Харисон, продажбата на TME (заедно со Lexus) во 2019 година првпат надмина еден милион возила и достигна 6% пазарен удел во 2020 година. Растеше и профитот, а се продаваа и возила од повисоките сегменти кои им ја носат главната добивка на автомобилските компании.

Под претседателството на Др. ван Зил, TME ја прошири понудата од хибридни модели во Европа и го унапреди локалното производство во Русија, Полска, Турција и Франција. Во фабриките беше инвестирано многу во усвојуваето на TNGA архитектурата, а фабриката во Колин, Чешка, од почетокот на годинава е во 100% сопственост на Toyota, којашто ги откупи акциите на PSA PSA Peugeot Citroën во истата. Сето тоа се должи на високата профитабилност на Toyota во регионот.

Мет Харисон има главен предизвик да го води развојот на компанијата од производител на автомобили во понудувач на услуги на мобилност. Во 2025 година се цели продажбата да достигне 1,4 милион возила, вклучувајќи 10 возила со погон само на струја, најмалку пет возила со приклучен хибриден погон, воведување на хибридниот погон во сите модели во гамата и проширување на присутноста на новата марка на услуги Kinto.

>>> Toyota ги воведува услугите Kinto во Европа

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW iX & BMW i4 ќе се произведуваат со зелена струја од минхенската „Матка“

Два милиони СУВ-возила од Škoda