Хибридите на Volvo отсега возат до 90 километри на струја

Изведбите со приклучен хибриден погон во моделските семејства 60 и 90 на Volvo, во најдобриот случај отсега постигнуваат досег до 90 километри додека возат чисто на струја.

Просекот што возачите го минуваат дневно со своите автомобили е под 50 километри. Со моделите со приклучен хибриден погон на Volvo, оваа дневна рута може комотно да се извози на струја без да се вклучи моторот. Овие модели отсега ќе можат да минат и два дена чисто на струја, без потреба батеријата да се приклучува на полнач. Тоа, секако, во случај ако воопшто се минуваат 50 километри дневно. Повеќето не извозуваат ниту половина од тоа.

Досегот на моделите со ознака Recharge од семејствата 60 и 90 на Volvo отсега изнесува до 90 километри. Главната новина е додавањето трет слој на батериските ќелии, со што капацитетот на батеријата се зголеми од 11,6 kWh на 18,8 kWh. Паралелно зајакна и електромоторот на задната оска, кој сега испорачува 107 kW, односно 145 КС.

https://photos.app.goo.gl/3op2LZFwKSDzncLb6

Верзиите Recharge T6 во моделските семејства Volvo 60 и 90 сега располагаат со системска моќност од 350 КС, додека верзиите T8 со своите 450 КС ја нудат најголемата моќност во историјата на Volvo

Корист од зголемениот капацитет на батеријата постои дури и додека возилото мирува. Греењето на кабината, исто како и ладењето, може да се пуштат пред да се влезе во возилото, без возачката или возачот да бидат загрижени дека тоа ќе им го скуси досегот на струја.

Годината е 2021 и луѓето при патување до работното место повеќе не мора да бидат зависни од бензин или дизел. Нашите најнови приклучни хибриди нудат подолг досег отколку што на повеќето луѓе им е потребно во секојдневието

Хенрик Грин, главен инженер во Volvo Cars

Новиот електромотор на задната оска псотигнува за 65 проценти повисока моќност. Со него се подобруваат и перформансите на погонот на сите тркала, без разлика дали се поаѓа на лизгава подлога и дали се влече приколка.

https://photos.app.goo.gl/h1UuQYg7C5AyvAZR6

Направени се промени за хибридите на Volvo да може да се возат „со еден педал“, односно сопирањето што следи при отпуштањето на педалот за забрзување е доволно силно, за возачката или возачот да не мораат да ја притискаат сопирачката. Секако, со тоа се подобрува и рекуперацијата, односно полнењето на батеријата. Оваа функција засега е достапна само во Volvo XC60 Recharge, Volvo S90 Recharge и Volvo V90 Recharge.

Volvo има поставено план до средината на деценијава да ја зголеми продажбата на повеќе од 1,2 милион возила, од кои најмалку половината треба да се автомобили со чисто електричен погон.

https://photos.app.goo.gl/5dZdZiBWt4YBPrKj6

https://photos.app.goo.gl/hMj1L5kKsvCz8deH8

>>> Тест: Volvo XC40 T5 Recharge

 

Претходна објаваПрвиот Cadillac на струја се распродаде за 10 минути
Следна објаваУнгарската фабрика произведе 40 милиони мотори на Audi

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here