Унгарската фабрика произведе 40 милиони мотори на Audi

Фабриката на Audi во Унгарија произведе 40 милиони мотори за престижната марка на VW. Славеничкиот погон е електричен мотор, со моќност од 140 kW, односно 190 КС. Приказната има и продолжение: Е-моторот беше пренесен до Брисел со „зелен воз“, со нулта емисија на CO2, за во белгиската фабрика да биде вграден во чисто електричен Audi e-tron.

Производството на мотори во фабриката во Ѓер започна во 1994 година, за унгарската фабрика во меѓувреме да стане најголема фабрика за производство на мотори на Audi. Во 2018 година започна новата ера, со производство на електромотори. Досега во Ѓер се произведени повеќе опд 200.000 електрични мотори. Моментно се вршат подготовки за нова генерација електрични погонски единици.

Најголемиот дел од 40-милионската продукција во фабриката на Audi во Унгарија секако дека отпаѓа на четирицилиндарски бензинци – повеќе од 19 милиони единици. На тоа следат уште 11 милиони четирицилиндарски дизели и повеќе од 4,5 милиони бензинци со 6 цилиндри.

audi e-tron gt premiera

Во големата и важна фабрика во синџирот на Audi во иднина ќе се произведуваат електромотори за најпрестижните модели со погон на струја на концернот. Станува збор за електричните модели што ќе ја користат платформата Premium Platform Electric (PPE), развиена заеднички со Porsche. За таа цел е пренаменета површина од 15.000 метри квадратни во фабриката. Во изработката на овие врвни погонски единици ќе работат 700 лица.

Во фабриката на Audi во Унгарија годишно се произведуваат околу 2 милиони мотори, што се испорачуваат во 38 фабрики за автомобили на коцнернот Volkswagen ширум светот.

>>> Фудбалерите на Баерн возат електрични Audi e-tron GT

Претходна објаваХибридите на Volvo отсега возат до 90 километри на струја
Следна објаваМакедонците триумфираа со еден – два победа на Twingo CUP на патеката Гробник

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here