за

Македонците триумфираа со еден – два победа на Twingo CUP на патеката Гробник

Македонските возачи во Twingo CUP викедов постигнаа врвни резултати. Тие покажаа квалитет и успеаја да се искачат на врвот, за достоинствено да ја претстават нашата држава на интернационалната сцена.

Со својот маестрален настап на тркачката патека Гробник во Хрватска, нашите возачи во Twingo Cup за прв пат се искачија на подиумот во генерален пласман во конкуренција од 32 возачи од неколку земји. На Гробник викендов се возеа две трки, а на втората имаше целосна доминација на македонските возачи.

Особено драматична и возбудлива беше втората трка на која Марко Блажевски и Давид Малинковски, иако тргнаа од четвртиот ред на стартот, по 25 минути возење први ја минаа целта. Тие постојано беа меѓу најдобрите осум, се пробиваа напред и меѓусебно се поддржуваа. Таа тимска работа на крај им донесе и радост.

Марко Блажевски е првиот Македонец кој триумфираше на FIA CEZ трката на Twingo CUP, по него беше Давид Малинковски, додека трет е Унгарецот Лантос. Во текот на целата трка, Блажевски и Малинковски беа во линија со водечките, го чекаа моментот. за Блажевски во последните кругови да го презеде водството и да остане таму до крајот.

Ова беше воедно и финална трка на втората сезона на Twingo CUP, каде што трофејот за првото место му припадна на Давид Малинковски со вкупно 122 бода. Малинковски сезонава имаше четири победи на осум трки, Блажевски победи двапати, а по еднаш Мартин Костовски и Владимир Тренески.

Второто место во генерален пласман сезона му припадна на младиот Мартин Костовски со освоени вкупно 82 бода, додека пак трет е Ангелче Стојковски со освоени 80 бода.

За следната година, во третата сезона на Twingo Cup планирано е возење на патеките на Серес – Грција, Гробник – Хрватска, Словакиаринг – Словачка, Red bull Ring -Австрија, каде  што македонските возачи во Twingo CUP ќе се борат за главната награда, а тоа е 100% електричен Renault Twizy.

Поддржувачи на купот се Renault, Аутомотив Груп, Шпаркасе Лизинг, ПСС и Триглав Осигурување, а за успехот има голем придонес и беспрекорната соработка со Лема Рејсинг.

Генералниот пласман на Renault Twingo Cup

Давид Малинковски 122
Мартин Костовски 82
Ангелче Стојковски 80
Владимир Тренески 77
Зоран Миракоски 58
Марко Блажески 58
Слободан Трајковски 38
Ѓоргевиќ Милан 30
Емил Нацка 24
Ненад Костовски 21
Иван Стефановски 11

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Унгарската фабрика произведе 40 милиони мотори на Audi

Електричните модели му донесоа на Volvo титула на најдобар производител за 2021 година