за

Електричните модели му донесоа на Volvo титула на најдобар производител за 2021 година

Електричните автомобили XC40 и C40, како и дигиталните канали за продажба, му донесоа на Volvo титула на најдобар производител за 2021 година во изборот на Automotive Management.

Уште една потврда за успешното воведување на електричниот погон во Volvo XC40 и  C40 пристигна од жирито на изборот на специјализираната информативна агенција Automotive Management.

Електричните и приклучните хибридни модели му донесоа на Volvo титула на најдобар производител на автомобили за 2021 година во изборот на Automotive Management, водечка информативна агенција специјализирана за автомобилската индустрија. Volvo вторпат ја освојува престижната награда, повторувајќи го успехот од 2018 година.

На свеченото врачување на наградите што се одржуваше во Бирмингем, Велика Британија, жирито го образложи изборот на Volvo, поради „моделите за коишто постои голем интерес, како и поради јасните вредности на марката и предводењето во трката во електрификација и во дигитализација“.

Volvo продолжува да ја шири понудата од модели со електрифицирана погонска спрега и нуди приклучни хибридни варијнати Recharge во секое моделско семејство во својата гама. Паралелно се лансираат нови чисто електрични модели. Два електрични автомобили веќе се во продажба, а следат и други модели, во насока на исполнување на планот на Volvo за 50% од продажбата да бидат чисто електрични возила до 2025 година, односно за целата гама да биде електрична до 2030 година.

Во исто време со електрификацијата се врши и дигитализација на услугите, вклучувајќи и онлајн-продажба. Volvo очекува повеќе од половина од продажбите на возила да се вршат онлајн во 2025 година. Глобално, целта е продажбата 100% да се одвива онлајн до 2030 година.

>>> Тест: Volvo XC40 T5 Recharge

Кон официјалната веб-страница на Volvo во Македонија

>>> https://www.volvocars.com/mk/v/cars/xc40-hybrid

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Македонците триумфираа со еден – два победа на Twingo CUP на патеката Гробник

Британски Autocar: Иднaта Dacia Duster станува хибрид и ќе остане достапна