за

Фудбалерите на Баерн возат електрични Audi e-tron GT

Петнаесет спортски лимузини со електричен погон Audi e-tron GT пристигнаа во возниот парк на Баерн Минхен.

На тест-патеката на Audi во германскиот град Нојбург на Дунав беше извршено предавањето на ексклузивните лимузини e-tron GT кои ќе им служат како службени возила на фудбалските ѕвезди на Баерн Минхен и на менаџерите на тимот.

Фудбалскиот тим со најбројно членство во светот учествува во поттикнувањето на електромобилноста. Петнаесет играчи и менаџери на Баерн Минхен ќе ги користат целосно електричните Audi e-tron GT и Audi RS e-tron GT како службени возила. Предавањето на премиум лимузините беше извршено во Audi driving experience center, тест-патека во Нојбург.

Поголемиот дел од кадарот на клупскиот менаџмент веќе користи Audi e-tron или Audi e-tron Sportback. Електрификацијата сега премина на уште повисоко ниво, со предавањето на престижните гран-туризмо на струја за 10 играчи на Баерн. Меѓу познатите имиња се Лирој Сане, Леон Горецка, Серж Гнабри и голманот-рекордер Роберт Левандовски.

Мајсторите со топката се уверија во динамичните способности на електричните крстосувачи на патеката на Audi, применувајќи ги возачките совети од тркачите Лукас ди Граси и Рене Раст, ѕвезди во Формула Е.

New item by Automedia MK / Google Photos

„Неверојатно е колку мазно Audi RS e-tron GT јури низ свијоците“, оцени Лирој Сане, кој понатаму посочи и на одличниот спој од уживање во возењето, дизајн, динамика, спортска нота и одржливост.

Audi е сопственик на пакет акции во фудбалскиот тим. Освен во возниот парк се вложува многу и во поставувањето електрични полначи на Алијанц Арената и во близината на стадионот.

>>> Audi го електризира Баерн Минхен

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes S-Class за политичари и индустриски магнати

Kia Soul каква што обожуваат сурферите