Клубот Баерн заедно со партнерот Audi постави 21 полнач за електрични автомобили на Алијанц Арената. Во текот на летото ќе продолжи проширувањето на мрежата полначи, за во иднина целиот простор околу игралиштето на германскиот рекордер да биде покриен со полначи.
Соработката меѓу Баерн и Audi во одржливата мобилност започна во септември лани. Возниот парк на клубот е на пат да стане целосно електрифициран. Повеќето играчи и раководството на клубот веќе користат електрични автомобили Audi e-tron или Audi e-tron Sportback. Следен чекор е снабдување на клубот со спортската електрична лимузина Audi e-tron GT.
На стадионот за тренинг на Зебенер Штрасе во Минхен веќе се поставени 38 електрични полначи. Тие беа пуштени во работа пред завршетокот на ланското лето, точно пред стартот на сезоната во бундеслигата. Просекот на СО2 од сите возила во клубот веќе е под 95 грами на километар и со тоа се исполнува лимитот што ЕУ го постави пред автомобилската бранша во Европа.
Audi уште од 2002 година го подржува најуспешниот фудбалски клуб во Германија, а од 2011 година е сопственик на акции во ФК Маерн Минхен
Марката со четирите прстени на своите клиенти со електрични автомобили им има обезбедено пристап до преку 220.000 електрични полначи во 26 држави, со услугата e-tron Charging Service (eCS).
Повеќе од половината нови модели на Audi годинава се електрифицирани. Почетокот го означи Audi e-tron GT во февруари, а во текот на летото се очекува во салоните да пристигнат Audi Q4 e-tron и Audi Q4 Sportback e-tron.
















