Опремена со посебен багажник на покривот, со високопрофилни гуми за терен и снежно бели тркала, значително подигната од подлогата, Kia Soul EV Boardmasters Edition ќе има впечатливо присуство за време на фестивалот Бордмастерс 2021, меѓу 11-ти и 15-ти август.
Уникатна преработка на Kia Soul EV ќе се појавува на бројни фотографии и јавувања од фестивалот за сурфинг, во придружба од бројни музички ѕвезди, што се одржува во британскиот Корнвол. Музика од светска класа пристига во заливот Вотергејт, додека во исто време на плажата Фистрал, дом на британското сурфање, ќе се одржуваат возбудливи натпревари во сурфинг.
Kia вторпат спасува студија прикажана на големите салони на автомобили од преса. Претходно тоа беше моќна Kia Stinger GT420, дотерана како уникатна тркачка лимузина. Марката на којашто бизнисот ѝ врви одлично (и) на британскиот пазар, на фестивалот во Корнвол се претставува со Soul што совршено се вклопува во средината и со својот погон – Kia го продава Soul во Европа исклучиво во варијантата со чисто електричен погон.
Примерокот од Soul EV што е искористен за уникатот има батерија од 64 kWh и електромотор со моќност од 204 КС. Во погонот не беше интервенирано, но затоа има големи зафати во сите останати подрачја. Тркалата се од 16 инчи во снежно бела боја, со „високи“ гуми 265/75 R16 Maxxis Bighorn со профил за песок, познати меѓу љубителите на плажите. Поради значително зголемените тркала (30 инчи) преправени се предните поткрила.
https://photos.app.goo.gl/UaMDtueLYeRFYV5f6
Ширината на трагата е зголемена за 11 сантиметри напред и 11,5 сантиметри назад. Соодветно е дотерана геометријата и извршени се преправки во водењето на тркалата, меѓу другото и со адаптери со кои каросеријата е „качена“ за три инчи. Така се постигна растојание од подлогата од 31 сантиметри напред и 32 сантиметри назад. Со 395 њутнметри, Soul сигурно нема да изгуби душа додека вози по песок.
https://photos.app.goo.gl/54sjtvQpUwKGBZ6a8
Багажникот исто е уникатен и конструиран е да носи сурфборд 7ft9 Tahe Bic Malibu. Назад е отстранета клупата и заменета е со панел за сушење на костумите за сурфинг. Секако, назад се извлекува масичка за спокојно уживање во пијалокот. Посебност е системот со соларен панел што ги напојува светилките во багажникот на покривот. Од него може да се напојува и мини-ладилникот.
Новата Kia Sportage со бензинец, дизел, хибрид, приклучен хибрид, сé за бестселерот
















