за

Во автомобилите на Volvo ќе може да се гледа јутјуб

Во сите автомобили Volvo со вградена гугл-поддршка ќе може да се пушти видео на јутјуб. Напредува соработката меѓу Volvo Cars и Google.

Јутјуб е првата видео платформа што ќе биде достапна за преземање во автомобилите на Volvo преку Google Play. Видеостримингот станува вообичаена и корисна ставка во автомобилите.

При подолго патување со електричен автомобил, по неколку стотини километри ќе биде потребно да се посети станица со полначи. За тоа ќе бидат потребни од половина час до неколку часови, зависно од моќноста на полначот. Времето додека се чека батеријата да се наполни, не значи дека секогаш ќе треба да се мине во најблискиот ресторан или кафуле, или да се талка низ градовите. Има и поедноставно решение. Видеостриминг и канали од типот на јутјуб.

Volvo обично реагира мошне брзо на новите трендови и се приклучува меѓу првите. Швеѓаните неретко се први. Таков ќе биде примерот и со видеостримингот. Возачите и патниците во Volvo ќе можат времето додека чекаат на полнач да го поминат во стриминг во живо, читање вести, гледање омилено шоу или видео. Секое чекање, не само на електричен полнач, на тој начин ќе се претвори во корисно или забавно поминато време.

Безбедноста е клучна во Volvo, така што се разбира дека видеостримингот во возилата ќе биде можен само додека истото мирува.

Партнерството меѓу Volvo Car Group и Google започна откако шведскиот проиводител најави дека прв ќе вградува инфо-забавен систем што се базира врз Android, со гугл-апликации и со вклучените услуги. Клиентите на Volvo наскоро ќе можат да преземат и апликации за навигирање, како Sygic и Flitsmeister, апликации за полнење како Chargepoint и Plugshare, или апликации за паркирање од типот на SpotHero и  ParkWhiz, во земјите во коишто истите ќе бидат достапни.

Автомобилот е одлична средина за уживање во видео и аудио, така што нема да ме изненади ако луѓето минуваат повеќе време во своето Volvo, дури и ако никаде не одат

Хенрик Грин, продукт директор во Volvo Cars

Воведувањето можност за гледање видео се совпаѓа со објавата, дека возилата на Volvo ќе располагаат со беспрекорно поврзување со уреди што подржуваат Google Assistant. Автомобилите стануваат паметни уреди.

Во комбинација со врвни аудио системи што со квалитетот неретко го надминуваат и домашниот аудио систем и со комоцијата во кабината на возилата на Volvo, вклучувајќи врвна изолација на звуците однадвор, автомобилот станува приватна кино сала.

>>> Еден од секои четири продадени Volvo е со приклучок за полнење

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Електричен Peugeot 308 стартува во 2023 со досег од 400 километри

Citroen напредува на сите пазари, лани раст од 7 проценти