за

Еден од секои четири продадени Volvo е со приклучок за полнење

Продажбата на Volvo годинава пораснала за 12,6 проценти, но има пад во октомври поради чип-кризата. Расте интересот за електричните модели.

Volvo Cars во периодот од јануари до октомври продал 581.464 автомобили, што претставува раст од 12,6 проценти во споредба со истиот период лани.

Во минатиот месец, Volvo Cars продал 50.815 автомобили глобално, за 22,2 проценти помалку од истиот месец лани. Намалената продажба се должи на недостигот од полупроводници, меѓутоа побарувачката за автомобилите на шведската марка останува на високо ниво.

Расте и продажбата на електрични возила, Уделот на возила со приклучен хибриден погон или со чисто електричен погон, коишто го носат амблемот Recharge, во десетте месеци изнесува 25,5 проценти на глобално ниво. Само во минатиот месец, нивниот удел изнесувал 31,5 проценти. Растечкиот тренд продолжува.

Раст од 3,1 проценти има во продажбата на чисто електричните модели. До октомври се продадени вкупно 18.261 автомобили што користат само електромотор за погон. Само во минатиот месец, нивниот удел изнесува 5,6 проценти или вкупно 2.841 автомобили. Растот следи соодветно на планираната зголемена продукција на електричните модели.

Во минатиот месец стартуваше и производството на електричниот кросовер C40 Recharge во Гент, Белгија

Во Европа се испорачани вкупно 242.495 автомобили во првите десет месеци од годината (+6,1%). Во октомври се продадоа 22.124 автомобили, помалку отколку во истиот месец лани, поради недостигот од чипови за целата бранша. Раст во продажбата има во Шведска и во Велика Британија.

Во светски рамки, најпродаван модел до октомври е XC60 со вкупно 177.995 примероци (2020: 149.855), по него следи XC40 со вкупно продадени 170.907 автомoбили (2020: 142.159), трет е Volvo XC90 со 89.041 примероци (2020: 70,195 возила).

Продажба на Volvo Cars по региони:

  2021 Промена 2021 Промена
         
Европа 22,124 -21.5% 242,495 6.1%
Recharge 10,369 2.9% 102,375 58.3%
– Plug-in hybrid 8,712 -13.6% 90,836 40.4%
– Fully electric 1,657 82,750% 11,537 576,850%
         
Кина 11,006 -34.2% 143,616 10.5%
Recharge 1,230 116.5% 8,394 100.4%
– Plug-in hybrid 1,142 101.1% 7,844 87.3%
– Fully electric 88 550
         
САД 8,701 -18.6% 104,066 23.5%
Recharge 2,102 110.8% 18,131 333.9%
– Plug-in hybrid 1,295 30.2% 12,906 209.9%
– Fully electric 807 40,250% 5,225 261,150%
         
Останати 8,984 -7.3% 91,287 24.0%
Recharge 2,285 108.9% 19,168 135.9%
– Plug-in hybrid 1,996 82.4% 10,090 124.2%
– Fully electric 289 951 – 
         
Вкупно 50,815 -22.2% 581,464 12.6%
Recharge 15,986 25.5% 148,068 82.4%
– Plug-in hybrid 13,145 3.2% 129,803 59.9%
– Fully electric 2,841 70,925% 18,261 456,525%

Најпродавани модели на Volvo Cars во октомври 2021:

Модел Октомври 2021
S60 II 0
S60 III 4,275
S60L 0
S90 2,928
V40 0
V40 CC 0
V60 0
V60 CC 0
V60 CC II 877
V60 II 3,232
V90 653
V90 CC 825
XC40 13,987
XC60 0
XC60 II 15,399
XC90 II 8,639
Total 50,815

>>> Хибридите на Volvo отсега возат до 90 километри на струја

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Новото моделско годиште на Audi A8 нуди уште повеќе Audi

Чешката пошта за осум години набавила 4.000 комбиња од Peugeot