за

Citroen напредува на сите пазари, лани раст од 7 проценти

Близу 800.000 продадени возила ширум светот, одличен напредок во Британија, Кина и Бразил, традиционално висок удел меѓу доставните возила.

Француската марка ја заврши годината со раст од 7 проценти и вкупно продадени 796.868 возила. Интересот за возилата на Citroen се зголемува на сите пазари, растот не се должи на само еден регион или на еден нов пазар.

Многу работи се случуваа во Citroen во минатата година. Новиот C4 е најпродавана комбилимузина од компакт класата во Франција и во Шпанија, односно 6-ти во класата во Европа. Неговата изведба на струја е-C4 е четврти најпродаван електричен модел во компакт класата во Европа, со удел од 9 проценти. Третата генерација на C3 надмина еден милион произведени примероци. Тоа е воедно и најпродаваниот модел на Citroen лани. Во Македонија, C3 е втор најпродаван модел до ноември лани, според неофицијалната статистика.

Од клучните стратешки потези на марката на Андре Ситроен се издвојува стартот во Индија, со почетокот на продажбата на C5 Aircross во април и најавата на локалната изведба на C3, како прв модел врз платформата C-cubed, наменет посебно за Индија. Лани беше одбележан и глобалниот старт на продажбата на знаменосецот C5 X, којшто се катапултираше како најпродаван модел на Citroen во Кина. Иновативната марка почна да вози и на вородод, со првиот e-Jumpy Hydrogen од сериско производство.

Европа е главниот пазар за Citroen, со вкупно 624.140 возила и раст од 1,2 процент во споредба со преклани. Уделот на марката се зголеми и достигна 4,5 проценти од пазарот од 13,8 милиони патнички и доставни возила. Во растот во регионот води Велика Британија со +9,0 проценти. Одлично врви и бизнисот со доставните возила, со раст од 6,3 проценти на пазарот во Европа и удел од 15,4% во Франција.

Во Јапонија е посебно популарен Citroen Berlingo во патничката изведба, што и не изненадува покрај фактот што тамошните возачи почитуваат возило што најрационално го искористуваат просторот

Индија и Пацификот регистрирале 8.665 нови возила Citroen, со рекордни 5.809 примероци во Јапонија. Интересот пораснал најмногу за патничката изведба на Berlingo, на којашто отпаѓаат 2.908 примероци (+112%).

Во продажбата од 61.695 возила (+11,7%) на Средниот Исток и Африка, речиси половината отпаѓа на Турција (28.881 возила, +5%). Израел е втор во регионот, со +15% и вкупно 7.572 возила, главно Berlingo во патничка и доставна изведба (удел 43%). Египет исто така напредувал, со +17% и продадени 6.340 возила. C5 Aircross таму учествува со 47 проценти.

Најголемиот напредок е во Кина, со 41.391 возила, односно со раст од 101,7 проценти. За три месеци, продадени се 12.000 примероци од новиот C5 X.

Добри вести доаѓаат и од Јужна Америка, каде што Citroen продал 48.615 возила и со тоа напредувал за 39 проценти. Бразил учествува со 23.356 возила (+73,2%), од кои најголемиот дел се C4 Cactus (19.550 примероци, +105%). Истиот модел е втор најпродаван автомобил во Аргентина. Новиот C3 стартува годинава во Аргентина, Бразил и Чиле.

Останатите пазари учествуваат со 12.362 примероци, главно Источна и Централна Европа.

Најголеми пазари на Citroen во 2021 година

(во заграда продажбата во 2020 година)

  1. Франција 228,479 (223,625)
  2. Италија 79,342 (76,488)
  3. Шпанија 69,941 (70,919)
  4. Велика Британија 55.509 (50,913)
  5. Германија 52,377 (58,479)
  6. Кина 41,391 (20,508)
  7. Турција 28,771 (27,481)
  8. Белгија и Луксембург 27,908 (30,645)
  9. Бразил 23,356 (13,177)
  10. Данска 13,410 (15,458)

Меѓу најхеројските модели на Citroen лани секако се вбројува и електричниот четирицикл Ami, од кого што лани биле продадени 9.183 примероци. По Франција и Италија, кои први го добија моделот во 2020 (продадени 2.719 возила), лани се придружиле Шпанија, Белгија и Португалија. Достапниот и едноставен двосед е достапен и во возни паркови во Турција, Грција и Мароко.

>>> Citroen C3 Aircross ја има вградено авантурата: По стариот пат од Велес за Прилеп

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Во автомобилите на Volvo ќе може да се гледа јутјуб

Kia шампионски во Унгарија: Ceed најпродаван компакт, e-Niro прв електричар