за

Електричниот Volvo XC40 добива нов софтвер без да посети сервис

Volvo го најавува првото обновување на софтверот во своите возила преку „over-the-air“, моделот со честа да биде прв секако е електричниот XC40 Recharge.

Првиот електричен автомобил на Volvo е воедно и прв модел на марката што ќе добие нов софтвер без потреба да се посети сервис и без посебни процедури.

Возачите на електричниот Volvo XC40 Recharge во Европа наскоро ќе добијат нов софтвер за своите возила, во којшто се вклучени и нови функции во возилото, отстранети се неколку багови и подобрена е стабилноста на инфо-забавниот систем.

Со воведувањето на системот OTA (over-the-air), возачките и возачите на електричниот модел на Volvo повеќе не мораат да посетуваат сервисна работилница за во своето возило да го имаат најновиот софтвер или најновите функции што се добиваат со истиот.

Тоа воедно значи и дека функциите што се достапни во возилото со текот на времето ќе се усовршуваат и збогатуваат, секогаш кога Volvo ќе има нов софтвер за возилото.

До вчера уште моравме да возиме до сервис за да го добиеме најновиот софтвер во автомобилот. Денес само се притиска ОК и електирчниот Volvo се грижи за останатото. Не може да биде полесно од тоа.

Хенрик Грин, директор за технологија

Со вчитуваето на последниов софтвер се добива нова софтверска основа за главните електронски системи во возилото, но се забрзува и полнењето на батеријата и се зголемува досегот на електричниот автомобил.

Volvo XC40 Recharge P8 AWD
Volvo XC40 Recharge P8 AWD

Има освежувања и за автомобилскиот оперативен систем Андроид, кого што го користи инфо-забавниот систем, а се отстранува и утврдениот баг во погонот. Во новиот софтвер се опфатени и поврзувањето преку блутут, тајмерот за автоматско вклучување на греењето, дигиталниот прирачник за возилото и камерата за 360 степени.

Вчитувањето на софтверот се одвива автоматско, единственото што треба да го направат возачите на Volvo XC40 Recharge е да го прифатат преземањето и инсталирањето.

>>> Volvo ја почна годината со раст од 30,2 проценти во продажбата

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Макпетрол го почнува новиот круг на наградната игра Верна

Toyota јавува за голема побарувачка за GR Yaris