Во овој период на пандемија, Макпетрол сака „да им биде поддршка на своите верни купувачи и барем за момент да биде причина за нивна насмевка.“ Наградната игра на водечкиот трговец со горива во Македонија продолжува, што е резултат на стремежот на компанијата, потребите на купувачите секогаш да бидат во центарот на нејзината работа.
Следејќи ги светските трендови во нафтениот бизнис, Макпетрол секогаш се труди да го обезбеди најдоброто, како преку своите горива, така и преку услугата и комуникацијата со потрошувачите. Поаѓајќи од тоа, со почеток од 1-ви март, па сé до крајот на годината, компанијата ја организира најголемата наградна игра во државата, „Верна – една и единствена“.
Условите за учество остануваат исти како во доесегашните Верна наградни игри. Со најмалку 10 поени впишани на Верна картичката, се станува потенцијален добитник на лаптоп DELL, викенд за двајца во хотелите на Макпетрол, ваучер за гуми, ваучер за Лубекс моторни масла, ваучер за Кристал Кар средство за ветробрански стакла и Верна наградни поени. Како главни награди ќе се доделат: Скутер Honda, моторцикл Honda, гумен чамец комплет со приколка и мотор Honda и финалната мастер награда – современата Honda Jazz Hybrid.
Оние потрошувачи кои сеуште не извадиле Верна картичка, тоа можат да го сторат уште денес, со пополнување на пристапница кон Верна програмата за лојалност на најблиската бензинска станица на Макпетрол, а со првата трансакција со стекнати 10 поени да станат и дел од новата наградна игра, „Верна – една и единствена“.