Глобалната продажба на Швеѓаните во јануари порасна за 30,2 проценти, на вкупно 59.588 продадени автомобили. Голем дел од растот е постигнат во Кина, каде пазарот не само што целосно заздраве, туку и напредуваше во споредба со јаниари пред корона-кризата.
СУВ-моделите и натаму учествуваат во најголем дел во продажбата на Kia, со удел од 71 проценти. Расте и популарноста на моделите Recharge со приклучен хибриден и чисто електричен погон. Нивната продажба се зголемила за повеќе од двојно во споредба со јануари лани. Моделите што ја носат ознаката Recharge сега постигнуваат удел од 23% во светската продажба на Volvo.
Во Кина, пазарот за Volvo пораснал за 93,1 проценти, на вкупно 19.160 автомобили во јануари. Тоа е воедно и најголемиот единечен пазар за Volvo Cars. Резултатите во Кина произлегуваат и од општо зголемената продажба на автомобили во земјата. Најмногу пораснала продажбата на компактниот СУВ-модел XC40 и на лимузината S60.
Американскиот пазар регистрирал 8.151 нови автомобили од Volvo во јануари. Тоа е зголемување од 32,4 проценти во споредба со лани. Секако дека таму се најбарани СУВ-моделите, предводени од големиот XC90.
Електричните модели Recharge учествуваат со преку 40% од продажбата на Volvo во Европа
Порасна и европскиот пазар, за 9,0 проценти, со вкупно 24.857 автомобили во јануари. Најдобри резултати постигнаа Шведска, Германија и Холандија. Уделот на моделите Recharge во Европа изнесува 41 проценти.
Најпродаван модел на Volvo на светскиот пазар во јануари е XC40 со вкупно 17.770 примероци (2020: 10,802 примероци), пред XC60 со 17.053 примероци (2020: 13.353 примероци) и XC90 со продадени 7.564 примероци (2020: 6.902 примероци).