Вработени во Daimler лани издвоиле 1,6 мио. € за социјални проекти ширум светот

Daimler ProCent поддршка проекти

Од 2011 година, Daimler преку иницијативата ProCent учествувал финансиски во околу 1.500 проекти со повеќе од 10 милиони евра.

Десетици илјади вработени во Daimler секој месец издвојуваат по еден цент од својот доход за иницијативата Daimler ProCent. Средствата се користат за финансирање на социјални проекти и проекти од општествена корист. Персоналот во домашната мрежа на Daimler дава предлози за проектите што ќе се подржуваат.

На секој еден цент од вработените, Daimler додава по уште еден цент. Тоа што првично изгледа како да е мала сума, всушност има голем ефект. Само лани, во светот биле подржани над 130 проекти со средства во висина од преку 1,6 милион евра.

Средствата се користат за проекти за поддршка на деца и млади, како и за ангажмани во поддршка на лица со инвалидитет. Секако дека не отсуствуваат и проекти за заштита на животната средина, природата и животинскиот свет.

„Точно во времиња како овие, особено ни е важно да ја покажеме нашата компаниска одговорност. Со мал придонес од сите, можеме заеднички да придвижиме многу позитивни работи. Горд сум за тоа што голем број колешки и колеги даваат придонес и за тоа што ние како компанија го удвојуваме овој ангажман“, порачува Вилфрид Порт, прв кадровик во Daimler AG.

>>> Шефот на Daimler со највисока репутација меѓу германските топ-менаџери

Претходна објаваVolkswagen ID.4 во Германија чини 38.450 €, субвенцијата е 9.000 €
Следна објаваVolvo ја почна годината со раст од 30,2 проценти во продажбата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here