Шефот на Daimler со највисока репутација меѓу германските топ-менаџери

Шефот на Daimler со највисока репутација меѓу германските топ-менаџери

Ола Келениус ужива највисоко реноме од автомобилските босови на компаните што се највлијателни за германската економија. Веднаш по него, во Топ 10 следат Оливер Ципсе и Херберт Дис.

Од вкупно 30 извршни директори на компании што учествуваат во DAX-индексот, тројца автомобилски босови уживаат репутација што е достојна за Топ 10. Највисоко од нив, на четвртото место, се наоѓа Ола Келениус, актуелен CEO на концернот Daimler и наследник на Дитер Цече, кој релативно брзо по поставувањето на водечката позиција во Штутгарт мораше да се соочи со најтешките предизвици во историјата на автомобилската индустрија воопшто, во корона-кризата.

Високиот углед на шефот на концернот на Mercedes се должи на „отворениот пристап кон медиумите“ и „симпатичноста“. Оливер Ципсе од BMW, ги убеди авторите на студијата со „отворената комуникација околу стратешките поставувања во компанијата, како и кон клиентите“ и со „консеквентното префрлување на BMW кон новите погонски технологии“. Тој се обидува „да воспостави мост меѓу е-мобилноста и моторите со внатрешно согорување“. Понатаму се оценува дека Ципсе има „пријатно автентично-самоуверен настап“.

Високиот пласман на менаџерите на Daimler, BMW и Volkswagen е доказ за нивното успешно справување со корона-кризата што силно ја погоди автомобилската индустрија

Првиот човек на концернот Volkswagen, Херберт Дис, се наоѓа на шестото место, што е напредување за три места во однос на рангирањето од јуни годинава. Пласманот на тројцата врвни менаџери од автомобилската индустрија во Топ 10 е доказ за нивното успешно справување со кризата што беше предизвикана од корона-пандемијата и силно ја погоди автомобилската бранша.

Листата ја предводи шефот на Deutsche Telekom, Тимотеус Хетгес, пред Џо Кесер од Siemens и Франк Апел од Deutsche Post. По авто-босовите од четвртото до шестото место, продолжуваат Каспер Рорштед (adidas), Кристијан Суинг (Deutsche Bank), Кристијан Клајн (SAP) и Оливер Бете од осигурителната компанија Allianz.

>>> Менаџментот на Daimler се откажува од дел од платата

Претходна објаваОд првата саудиска нафта во 1938 година до „Peak Oil“ во 2020
Следна објаваTesla е најчесто пребарувана електрична марка на онлајн-берзите

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here