за

Менаџментот на Daimler се откажува од дел од платата

Менаџментот на Daimler се откажува од дел од платата

Вработените во концернот Daimler работат во скусени смени, а сега и менаџментот си воведе кризни мерки. Целото раководство околу шефот на концернот Ола Келениус се откажува од дел од платата.

Членовите на извршниот и надзорниот одбор на германскиот концерн Daimler ќе се откажат од дел од својата плата за тековната година, поради кризата околу вирусот корона. На управителите исто така ќе им биде скусен дел од платата.

Топ-менаџментот во деветте месеци до крајот на годината ќе добие надомест намален за 20 проценти. Истата мерка ги опфаќа и советниците. Покрај тоа, највисоките три рамништа во управата се сложија во следните три месеци да добиваат плата намалена за десет проценти.

„Во финансиската криза во 2009 година презедовме слична мерка. Очекуваме и овојпат да добиеме широка согласност, затоа што сите можеме на тој начин да придонесеме за компанијата“, пишува шефот Келениус во писмото до вработените во концернот.

Мерката не важи за променливиот дел од надоместот, којшто зависи од успешноста на комцернот. На Келениус за лани му беа исплатени 1,3 милион евра, откако тој ја презеде одговорноста за концернот во мај 2019 година.

Одговори од MBUX што се вчитани преку мрежата: „Ej Мерцедес, како да се заштитам од Ковид-19?“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Oбука за камион со Мercedes Actros во германска „возачка академија“

Oбука за камион со Мercedes Actros во германска „возачка академија“

Шест автомобили во американскиот Топ 10 лани се јапонски

Шест автомобили во американскиот Топ 10 лани се јапонски