за

Tesla е најчесто пребарувана електрична марка на онлајн-берзите

Моделите од американската марка се во Топ 5 во сите земји што се опфатени во статистиката на најпребарувани електрични автомобили на онлајн-берзите.

Tesla сама ќе ги „завиткува“ автомобилите на клиентите во Кина

Кога станува збор за автомобилите со мотор со внатрешно согирување, корисниците најчесто ги пребаруваат германските марки. Кај електричните автомобили, трката ја предводи друг. Tesla сите ги остава во сенка.

Tesla повторно е во предност наспроти традиционалните производители. Во европски рамки, електричниот автомобил што корисниците го пребаруваат на онлајн-берзите најчесто е Tesla Model S. Калифорниската луксузна лимузина со погон на струја е на врвот на најпребарувани модели во речиси сите држави во Европа во коишто е присутна онлајн-берзата Autoscout24. Останатите места им припаѓаат на Renault Zoe, BMW i3, како и на Tesla Model 3 и Audi e-tron.

Гледано по држави, овие модели се најчесто на првите места на најпребарувани електрични автомобили. Исклучок е Германија, каде што петтото место му припаѓа на Volkswagen e-Golf, пред Audi e-tron.

Во Франција, првото место сосем очекувано му припаѓа на Renault Zoe. Во францускиот Топ 5 следат дури три модели на Tesla: Model S, Model 3 и Model X. Единствен модел што се вмешува во оваа доминација е BMW i3 на третото место.

bmw i3 prodazba prv kvartal

Додека германските автомобили поретко се појавуваат во Топ 5 во категорија на возила со електричен погон, ситуацијата се менува драстично кога се пребарува за автомобил со обичен мотор. Во тој случај, во европски рамки предводи VW Golf (со 3,78 проценти од вкупниот број пребарувања). По класичарот следат серијата 3 на BMW (3,14 проценти), Mercedes C-Class (2,55 проценти), X-моделите на BMW (2,47 проценти) и Mercedes E-Class (2,19 проценти).

Традиционалниот бестселер од Волфсбург е модел за којшто на онлајн-берзите се пребарува најчесто. Исклучок и тука е Франција, но има и изненадување. Прв е Ford Mustang, со 2,79 проценти од вкупниот број пребарувања. Golf е втор со 2,32 проценти.

Просечните цени на европските Топ 5 модели се менуваа во различна насока. Додека серијата 3 на BMW (+5,22 проценти и просечна цена од 17.589 евра) и VW Golf (+4,04 проценти и просечна цена од 16.422 евра) поскапеа, Mercedes C-Class (-1,43 проценти и цена од 24.780 евра) и Mercedes E-Class (-2,63 проценти и цена од 27.073 евра) станале малку подостапни за европските купувачи.

>>> Пратките во Холандија се разнесуваат со електрични камиони

Fuso eCanter PostNL електрични камиони пошта Холандија

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Шефот на Daimler со највисока репутација меѓу германските топ-менаџери

Шефот на Daimler со највисока репутација меѓу германските топ-менаџери

Макпетрол

Макпетрол со реакција за невистините пред продажбата на уделот во Га-Ма