за

Lexus LFA одбележува десетгодишнина: Со годишна влезница за Нирбургринг

До појавувањето на LFA, светот го гледаше Lexus како марка што произведува „само“ совршени и престижни лимузини и СУВ-крстосувачи.

Lexus LFA одбележува десетгодишнина: Со годишна влезница за Нирбургринг

Една автомобилска легенда го прославува десеттиот роренден: Lexus LFA. Суперспортскиот автомобил во серија ограничена на 500 примероци потврди дека фината и престижна марка на Toyota може да конструира и произведе суперспортски автомобил од највисок ранг.

Lexus LFA постигна многу за марката. Сите модели по него користеа дел од технологиите и искуствата во суперспортскиот автомобил на луксузната марка на Toyota. Јапонскиот автомобил од рангот на врвните V12-модели на Ferrari & Co располагаше со бројни иновации во погонот и во материјалите. Секако дека Lexus LFA одушеви посебно со изработката и со дизајнот. Многу детали од изгледот на двоседот се користат во тековните модели на марката.

Почетоците на подвижната легенда се во 2000-та година. Lexus работеше на проект за чистокрвен суперспортски автомобили. Главниот конструктор Харахико Танахаши доби целосна слобода, дури можеше да ги избира најексклузивните и најскапи материјали и процеси. Слично беше при развојот на првиот модел на марката, на лимузината од врвна класа LS, што своето деби го имаше една деценија пред тоа.

Сакав да конструирам суперспортски автомобил што го доведува возачот во состојба на еуфорија, преку хармонија на најразличните составни делови, како звукот на моторот, чувството при качување на вртежите, управливоста и стабилноста.
Харахико Танахаши, главен конструктор на Lexus LFA

Во 2001 година, на тимот му се придружи главниот тест возач Хироми Нарусе. Тој има големи заслуги за потигнатото ниво на управливоста и перформансите. На крајот беа поставени 500 клучни фактори – од дизајнот до изгледот на воланот. Секој детал мораше да биде совршен. Првиот прототип беше изработен во 2003 година. Само една година подоцна, тој тестираше на големиот круг на Нирбургринг, на Нордшлајфе.

Јавноста првпат дозна за проектот на Lexus на салонот во Детроит во 2005 година, со прикажувањето на дизајнерската студија. По две години, следеше концептен автомобил што единствено чекаше уште датум за почеток на производство. Проротип на моделот стартуваше во 2008 година на 24 часа Нирбургбринг и се докажа во поглед на моќноста и квалитетот. Lexus конечно го најави почетокот на производство на салонот во Токио во 2009 година.

Сериско производство со еден примерок од Lexus LFA дневно

Тоа се случи кон крајот на 2010 година, во супермодерната фабрика на Lexus во Мотомачи. Поради високите барања во поглед на прецизноста и перфекцијата, дневно се изработуваше само по еден примерок од Lexus LFA. За моторот беше одговорен само по еден човек. Гравирана плочка со серискиот број ја прикажуваше ексклузивноста на моделот.

Срце на Lexus LFA беше комплетно нов 4,8-литарски мотор V10, атмосферски, развиен во соработка со Yamaha. Моторот беше помал и имаше помалку цилиндри од ривалот Ferrari 599 GTB, но постигнуваше исклулчителни 560 КС при 8.700/min. Со мотор напред и погон назад, со автоматизиран секвенцијален менувач со шест степени на задната оска, атлетскиот автомобил спринтуваше за 3,7 секунди до темпо сто. Крајната брзина е 325 km/h.

Lexus LFA Nuerburgring

Сопирачките беа керамички, а за екстра заштеда во тежина, место првично замислената алиминиумска конструкција се користеше карбон. Лесниот и скап материјал се користеше за каросеријата, за школката и за средишниот тунел. Материјалот и денес се користи во моделите на Lexus, меѓу другото во RC F.

За потенцијалот на Lexus LFA да се искористи целосно на тркачка патека, премиум марката го разви ексклузивниот пакет Нирбургринг. Подвозјето беше дополнително стегнато, на ковани алу-тркала беа поставени врвни гуми, имаше и бројни додатоци во подрачјето на аеродинамиката. Нов спојлер, предни крилца и фиксен заден спојлер во стил на GT-болидите го зголемија потисокот. Каросеријата исто така беше спуштена за десет милиметри. Порасна и моќноста на моторот, на 571 КС.

Од моделот се изработија само 50 примероци. Секој сопственик добиваше годишна влезница за Нирбургринг и тркачки совети од професионалци. Акида Ира во 2011 година постави рекорд за сериски возила на Нирбургринг. Причината зошто Lexus не ги изработи 500-те примероци беа природните катастрофи што тогаш ја зафатија островската држава и оставија силни последици со кои Јапонија се соочуваше со години.

>>> Yaris GR доаѓа од фабриката на Lexus LFA

Toyota GR Yaris

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volvo продажба

Volvo ја почна годината со раст од 30,2 проценти во продажбата

Suzuki Hustler продажба јапонија

Suzuki втора најпродавана марка по Toyota во Јапонија лани