Во Лондон се отвори новото Volvo Studio, коешто на клиентите им нуди можност да дознаат како Volvo се развива во насока на марка, што по 2030 година ќе произведува само 100% електрични автомобили.
Студиото е планирано да работи 12 месеци и лоцирано е во раздвижениот трговски центар Брент Крос во северниот дел на Лондон. Домаќин во студиото е локалниот дилер Endeavour Automotive. Тоа е првиот центар од ваков вид во Велика Британија, во којшто клиентите можат да се информираат за сé што ги интересира околу електричните возила. Овој концепт претходно стартуваше во Холандија.
Исто како што е впечатокот по влегувањето во салон на Volvo, вклучувајќи го и салонот на марката во Скопје, просторот е дизајниран да посредува чувство на просторност и гостопримливост. Архитектурата носи силен скандинавски печат и се одликува со чисти и современи линии што се главно обележје на стилот на Volvo.
Во студиото секогаш ќе биде изложен батериски електричен модел. Швеѓаните моментно имаат два такви модели во понуда, новиот кросовер C40 Recharge со досег до 441 километар и XC40 Recharge, кој каросериски и во кабината е идентичен со бензинските и хибридни модели во гамата на XC40.
Volvo става силен нагласок на бројните можности за финансирање на продажбата, вклучувајќи и месечна претплата на автомобил преку Care by Volvo. Во месечната претплата е вклучено буквално сé, сервисирање, редовна замена на потрошните делови, регистрација, а по желба на клиентот во ратите е вклучено и осигурувањето. Сé што останува да се плати е горивото, односно во случајов сметката за струја.
Во студиото може да се договори и тест-возење, и секако може да се направи и нарачка на автомобил, чијашто испорака исто така се организира преку студиото.
With Google built in, the #XC90Recharge plug-in hybrid is the perfect companion on the road – with easy access to maps, apps, and hands-free help from Google Assistant. https://t.co/h107ANVpSf pic.twitter.com/jDfYiV6Hlf
— Volvo Cars (@volvocars) May 4, 2022