Bentley Motors постигна рекордни финансиски резултати во првото тромесечје од 2022 година. Оперативната добивка пораснала за 162 проценти, на 170 милиони евра. За три месеци годинава, британската марка постигна добивка колку во цела 2014 година, втората најдобра година за Bentley.
Позитивниот резултат за првиот квартал се надоврзува на финансискиот рекорд што беше постигнат лани, кога годишната добивка достигна 389 милиони евра. Тоа е двапати повеќе отколку во претходната рекордна година, со 170 милиони евра во 2014 година. Прометот и оперативната добивка од остварениот промет, во првите три месеци исто така достигнаа рекордни вредности, со 813 милиони евра, односно 21 процент. Тоа се случува во време кога се испорачуваат помалку возила од претходно, но клиентите покажуваат сé поголем интерес за новите модели, што доведе до рекорден број на нарачки на возила.
Марката од Кру се движи кон целта на стратегијата „Beyond100“, а тоа е постигнување целосна неутралност кон животната средина до 2030 година. Во таа насока се вложуваат три милијарди евра во фабриката во Пајмс Лејн, што е најголема инвестиција во обновување на понудата од модели во историјата на Bentley.
Во првиот квартал од 2022 година, просечната цена на продадено возило се зголемила на 212.000 евра, наспрти 184.000 евра претходно. Посебно се бараат изведбите по специјална нарачка Mulliner, како и спорските изведби Speed. Побарувачката за овие модели во Европа се зголемила за 38 проценти. Во светски рамки, за 10% напредувале испораките на Continental GT. За моделот има најмногу интерес во Азискиот Пацифик и на домашниот пазар.
Џејмс Бонд во романите на Флеминг вози Bentley, не Aston Martin