за

Volvo во САД: Автомобилот на полнач, возачите во Starbucks

Американскиот огранок на Volvo ќе ја постави првата јавно достапна мрежа од полначи за електрични автомобили во САД пред кафулирата на Starbucks.

Во текот на летово пред 15 кафулиња на Starbucks ќе бидат поставени до 60 супербрзи полначи со еднонасочна струја, долж рутата од близу 2.200 километри меѓу Сиетл и Денвер. Планот е мрежата да продолжи да расте.

Volvo Car USA и Starbucks во текот на летото ќе ја постават првата јавна мрежа од полначи за електрични автомобили пред кафулињата на американската компанија. Оператор на станиците е ChargePoint.

Планот е на секои сто милји, односно околу 160 километри, да биде поставен по еден брз полнач со еднонасочна струја долж рутата од 2.200 километри меѓу Денвер и седиштето на компанијата во Сиетл.

Идејата е да се покаже дека полнењето на батеријата на чисто електричните автомобили на Volvo е исто толку едноставно колку што е одењето до продавница на Starbucks.

На DC-полначите на ChargePoint, чисто електричниот модел Volvo C40 Recharge може да ја наполни батеријата од 20 до 90 проценти за околу 40 минути. Додека возачите и патниците имаат убава починка пиејќи кафе, нивниот автомобил ќе се полни надвор, пред кафулето.

Возачите на модел Volvo Recharge со оперативен систем Google ќе можат да ја користат апликацијата на ChargePoint за да најдат најблиска локација на Starbucks со полнач за електрични автомобили и да ја користат истата. Во останатите модели ќе може да се користи мобилната апликација ChargePoint.

Полначите ќе бидат достапни и за возачите на други автомобилски марки, но возачите на Volvo ќе го имаат тоа повластување што користењето на полначот за нив ќе биде бесплатно.

Во Starbucks е во тек проектот, до крајот на годинава да се постават фотоволтаички панели во 55 кафулиња.

Volvo отвори станица со ултрабрзи полначи во срцето на Милано

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Во Источна Европа ќе се гради 4-та фабрика за батерии на Volkswagen

Volkswagen петкратно ја зголеми заработката лани