Во Источна Европа ќе се гради 4-та фабрика за батерии на Volkswagen

Четвртата фабрика во којшто ќе се произведуваат батериски ќелии за електричните автомобили на Volkswagen и на други производители, веројатно ќе се гради во Источна Европа.

При претставувањето на деталните резултати за работењето на концернот во 2021 година, Херберт Дис, шеф на Volkswagen, соопшти дека во моментов се бара соодветна локација во Источна Европа за новата фабрика за батериски ќелии, којашто ќе биде четврта, по фабриките во Шведска, Германија и Шпанија.

Вкупно се планирани шест фабрики за батериски ќелии во Европа. Во кругот на фабриките ќе се вршат и рециклирање и истражување. Според процените на директорот за финансии Арно Антлиц, за таа намена ќе биде потребно да се инвестираат 30 милијарди евра.

Германскиот концерн моментно истражува можност, за бизнисот со батерии за електрични автомобили да се понуди на берзата. За тоа да се случи, прво ќе биде потребно да се истражат можни нови соработки и учества во компании.

Volkswagen веќе учествува со една петина во акциите на шведскиот производител на батериски ќелии Northvolt. Првата фабрика, од којашто ќе се снабдува и концернот, моментно се гради во Шкелефте, во северна Шведска. Тоа што треба да биде дополнителна македонска гордост е сознанието дека во експертскиот тим на Northvolt работат и Македонци.

Втората фабрика уште во текот на годинава ќе почне да се гради во германски Залцгитер, а во Шпанија се вршат завршни преговори околу изборот на локацијата.

Стара фабрика за хартија во Шведска ќе стане фабрика за батерии

Претходна објаваГугл ќе служи и како авто-огласник
Следна објаваVolvo во САД: Автомобилот на полнач, возачите во Starbucks

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here