Голем настан се одржа во Дворецот Петровски во Москва, по повод 50-годишното присуство на Volvo на рускиот пазар. Гостите беа пречекани во атмосферата на шведскиот Божик, преку театарската претстава „Фантазиите на Астрид Линдгрен за Божик 1913“.
Вредни историски примероци беа изложени во Дворецот Петровски во Москва, по повод јубилејот, а меѓу нив Volvo PV444, Amazon 121, Bertone 262C и Bertone 780. Првите автомобили Volvo биле донесени во Советскиот Сојуз во 1971 година, за потребите на Амбасадата на Шведска во Москва, за регионалните стопански комори и за неколку приватни корисници.
Во јануари 1979 година, возниот парк на Volvo во Москва и во Ленинград опфаќал околу 600 примероци од најразлични модели. Најголемиот увоз на автомобили и автобуси бил направен за потребите на Олимпијадата во 1980 година. Во 1989 година во Москва е отворена првата официјална сервисна работилница на Volvo.
https://photos.app.goo.gl/MYYyJwRB5os7YLXZ9
Од 1993 година, во Русија работи официјален увозник на Volvo, а во земјата тогаш е отворен и првиот центар на марката за обука на сервисери во Источна Европа. Меѓу 1999 и 2000 година, Volvo Cars беше дел од групацијата Ford. По одвојувањето на шведската марка во 2009 година, во Русија е основана посебна компанија Volvo Car Russia, со Вим Маес на директорското место.
https://photos.app.goo.gl/pqZj7oBViV15mvn67
Volvo Cars планира в година да започне со продажба на електричните модели XC40 Recharge и C40 Recharge во Русија. Шведската марка по 2030 година ќе произведува само електрични автомобили и ќе го реорганизира севкупното свое делување, за емисијата на СО2 да се сведе на најмала можна мера.
>>> Тест: Volvo XC40 T5 Recharge
















