Шпанците приватно најмногу купуваат Kia

Во првите единаесет месеци, Kia Iberia испорачала 32.100 автомобили за приватни купувачи, што одговара на пазарен идел од 10,2 проценти. Вклучувајќи ги продажбите за компании, Kia годинава продала повќче од 50.000 возила во Шпанија, што е за 23% над ланскиот резултат. Тоа сé уште ѝ обезбедува петто место.

Во претпоследниот месец од годината, Kia ја зајакна позицијата на најпродавана марка кај приватните купувачи во Шпанија, со 32.130 продадени возила и удел од 10,2 проценти. Со вкупно 50.018 возила, вклучувајќи ги и автомобилите што се испорачани како службени возил, Kia до ноември напредувала за 23% во споредба со истиот период лани.

Со пазарен удел од 6,8 проценти (приватно и компании), на Kia ѝ припаѓа местото на петта најпродавана марка во Шпанија. Само во ноември, марката постигнала 4.921 продажби, што одговара на пазарен удел од 7,8 проценти.

Според шпанскиот огранок на Kia, клучни за големите бројки во продажбата се електричните возила. Како што наведуваат од ибериската централа, Kia моментно има една од најшироките понуди на моделски изведби со електрифициран погон, од благи хибриди, преку самополнечки и електрични хибриди, до чисто електрични возила. Практично во секоја моделска серија се нуди верзија што користи електромотор во погонот.

Неодамна во земјата стартуваше продажбата на електричниот кросовер EV6, со досег до 528 километри со едно полнење и ултрабрзо полнење под напон од 800 волти, со што се постигнува наполнетост од 80% за само триесетина минути.

Kia годинава e трета најпродавана марка на пазарот на електрифицирани или електрични возила во Шпанија, со удел од 8,4 проценти.

>>> Kia Sportage и во октомври најпродаван автомобил во Македонија

 

Претходна објаваЗапочна производството на Peugeot e-Expert Hydrogen
Следна објаваVolvo културно одбележа 50 години на марката во Русија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here