за

Kia Sportage и во октомври најпродаван автомобил во Македонија

Уште еден месец на врвот и сите изгледи дека и годината ќе биде заокружена шампионски. Kia Sportage со 48 продадени примероци и 11,8% удел во вкупната продажба на нови автомобили во Македонија во октомври.

Така најверодостојно се предава наследството од една во друга генерација. На неколку месеци пред почетокот на продажбата на новата генерација на Kia Sportage, компактниот СУВ повторно е најпродаван автомобил на македонскиот автомобилски пазар.

Од салонот на Kia повторно излегле најголем број примероци од еден модел, во текот на месец октомври. Точно четири дузини се испорачани од Kia Sportage, вторпат во низа по септември, кога главниот носител на продажбата на корејската марка на нашиот пазар исто така беше Број 1. Со 48 продадени примероци во октомври, Kia Sportage учествувала со 11,8 проценти во вкупниот пазар. Практично едно од секои девет продадени возила, било Sportage.

Големо изненадување е второто место за Skoda Superb со 45 продадени примероци, знаменосецот на чешката марка што ужива високо реноме меѓу возачките и возачите во Македонија. Со голем заостаток и 18 продадени возила, на третото место следи Hyundai Tucson. Од тоа може да се изведе и заклучок. Tucson од новата генерација на двоецот Kia-Hyundai се продава послабо од Sportage од „старата“ генерација – тоа укажува дека купувачите што се заинтересирани за еден од овие два модели во новата генерација, повеќе решаваат да го чекаат моделот на Kia, што ќе стартува за некој месец.

Citroen C4 повторно зема залет, во претходните генерации тој постојано беше меѓу најпродаваните модели на македонскиот пазар

Toyota Corolla е сосем природна појава на врвот на листата, исто така со 18 продадени примероци колку Hyundai. Пријатно е појавувањето на Citroen C4 на петтото место со 10 продадени примероци, а веднаш по него се потврдува и успешната Suzuki Vitara, со осум продадени возила. Статистиката за македонскиот пазар, за којашто секогаш посочуваме дека станува збор за неофицијални податоци, досега ретко ги вклучуваше бројките за продажбата на Suzuki, иако јапонската марка според реално постигнатата продажба требаше редовно да се појавува во статистиката.

Вкупно од почетокот на годинава, најродаван модел е Kia Sportage со 250 примероци. По неа следи Citroen C3 со 211 продадени возила од јануари до октомври, трета е Toyota Corolla со 168 возила.

Според неофицијалните податоци, во Македонија во октомври биле продадени 408 патнички и доставни возила, за 19,6 проценти помалку од истиот месец лани. Тоа се должи на кризата со полупроводници, што остава траги глобално, па и нашиот пазар не е поштеден. Во октоври ‘20, пазарот исто така беше 18,4% во пад, тогаш како последица од пандемијата.

На годишно ниво сепак има напредок. Со 4.499 продадени патнички и лесни товарни возила, пазарот е за 8,4 проценти подобар од лани.

>>> Новата Kia Sportage со бензинец, дизел, хибрид, приклучен хибрид, сé за бестселерот

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ставивте зимски гуми на велосипедот?

Mercedes-Benz вложува 60 милијарди € во електричен погон