Вкупната продажба на возила на Volvo во периодот од јануари до март годинава изнесува 185.698 автомобили, наспроти 131.889 автомобили лани.
Во Европа и во САД се подобрила продажбата на Volvo во споредба со првиот квартал лани, што е доказ дека Volvo добро се справува со последиците од пандемијата. Кинескиот пазар веќе е целосно заздрвен од влијанијата на пандемијата, којашто лани во истиот период го достигна врвот.
Само во месец март, Volvo Cars продал 75.315 автомобили глобално, што е за за 62,3 проценти повеќе од истиот месец лани. Моделите со електричен погон, вклучувајќи ги приклучните хибриди, учествувале со 26 проценти во глобалната продажба во март. Во Европа, уделот на овие модели од семејството Recharge изнесува дури 39 проценти.
Повеќе од тројно е зголемен бројот на претплати на автомобил преку системот за онлајн-продажба што се води под Care by Volvo
Во Кина, продажбата се зголемила за 117,7 проценти во првите три месеци од годината. Главниот поттикнувач на растот на продажбата е големата лимузина S90, којашто се произведува во земјата. Вкупно во првиот квартал биле продадени 45.242 автомобили на кинескиот пазар.
Во периодот од јануари до март, американскиот пазар регистрирал 27.239 нови автомобили од марката Volvo. Тоа претставува зголемување од 39,8 проценти, во споредба со лани, кога во бројни сојузни држави беше воведено ограниување на движењето.
Европскиот пазар бележи 87.457 автомобили до март, за 24% повеќе од истиот период во минатата година. Продажбата забележила најголем раст во Шведска и Велика Британија.
















