за

Audi Q4 e-tron ќе се стави под напон на 14-ти април

Офанзивата од електрични автомобили на Audi продолжува во компактната класа. Audi Q4 e-tron ќе постави нови мерила во поглед на внатрешноста и ракувањето.

Audi му закажува на светот премиера на електричниот СУВ-модел Q4 e-tron на 14-ти април. Првото појавување на компактниот СУВ врз иста основа со VW ID.3 и Skoda Enyaq ќе се случува на онлајн-презентација што ќе се пренесува масовно на сите канали на Audi на друштвените мрежи.

Audi Q4 e-tron е прв електричен СУВ под знакот на четирите прстени во компактната класа. Новиот модел на струја на Audi соединува дизајн од иднината, напредни технологии на прикажување на информациите, а се најавува и исклулително просторна кабина. Светската премиера ќе се одржи на 14-ти април, на настан од поширок тематски карактер, што ќе се пренесува онлајн.

Новиот Q4 e-tron ќе се појави виртуелно во рамките на „Celebration of Progress“ (прославување на напредокот). Преносот во живо ќе започне во 19 часот. Во презентацијата на моделот ќе учествуваат шефот на марката, Маркус Дисман, директорката за продажба и маркетинг Хилдегард Вортман, британскиот актер Реге-Жан Пејџ, продуцентката и актерка Оливија Вајлд, како и спортистките Ана Гасер и Малајка Михамбо.

Повеќе детали за електричниот Q4 e-tron и за значењето на возилото за марката Audi ќе откриваат дизајнерот Марк Лихте и потпретседателот на марката, Хенрик Вендерс. Моделот е клучен чекор во офанзивата од електрични модели на Audi. Моделот стартува во посебно привлечен дел од пазарот што расте брзо, во класата на компактните СУВ-модели.

Тоа е четвртиот електричен модел на Audi, по СУВ-моделот e-tron и неговата купе-изведба Audi e-tron Sportback, како и по престижниот крстосувач Audi e-tron GT.

>>> Рекордна продажба на електричниот Audi e-tron во САД

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volvo во првиот квартал ја зголеми продажбата за 40 проценти

Seat Ibiza и Arona добиваат освежен изглед и преработена кабина