за

Seat Ibiza и Arona добиваат освежен изглед и преработена кабина

Дигиталната премиера на новите Seat Ibiza и Seat Arona е закажана за 15-ти април. Во петте генерации на моделот што се појави во 1984 година се продадени повеќе од шест милиони примероци.

Во понудата од модели на концернот Volkswagen сé е поврзано меѓусебно. Skoda најавува комплетно нова Fabia, во гамата на Polo се враќа моќниот GTI, а на тоа сега реагира и Seat со освежување на своите Ibiza и Arona.

Seat Ibiza и нејзината СУВ-изведба Arona ќе добијат освежување во изгледот во насока на Tarraco, Leon и Ateca. Со тоа ќе следи и темелно преработена внатрешност. Ibiza е едно од најзвучните и најзаслужни моделски имиња за шпанската марка, за нејзиниот имиџ и за успехот.

Од претставувањето на првата генерација на моделот во 1984 година, од темпераментниот градски модел се продадоа повеќе од шест милиони примероци. Тоа е повеќе од кој било друг модел што излегувал од производствената лента во Марторел. Заедно со Ibiza се освежува и Arona. Со моќни детали во изгледот и со нагласок ставен на способноста за возење по терен, компактниот СУВ е подготвен за сите сценарија.

Arona во минатата година беше втор најпродаван модел на Seat. Шефот Вејн Грифитс најавува: „Преработените и подобрени модели го заоструваат профилот на двете возила и одушевуваат со свежиот дизајн.“

Во поглед на функционалноста во дигиталната ера се воведени промени со коишто ракувањето е поедноставено и воведени со нови функции. Исто и материјалите и изработката во внатрешноста на Ibiza и Arona прават уште еден чекор напред од гледиште на квалитетот.

>>> Сесилија Таиеб е новата директорка за комуникации на Seat

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi Q4 e-tron ќе се стави под напон на 14-ти април

Mercedes EQA: Тука почнува електричното возење под ѕвездите

Mercedes постигнува двоцифрен раст годинава