за

Сесилија Таиеб е новата директорка за комуникации на Seat

Новата директорка ќе раководи со стратегијата на комуникација на Seat и Cupra во овој исклучително важен период на преоѓање во ерата на електромобилноста.

Сесилија Таиеб на 15-ти април ќе ја презеде функцијата на директорка за комуникации на Seat S.A на светско ниво. Со повеќе од дводецениско искуство во стратешка комуникација, друштвени медиуми и менаџирање, директорката пристига во Seat S.A во време на големи промени за иднината на компанијата и на нејзините марки Seat и Cupra.

Таиеб има одговорност директно пред претседателот на Seat S.A. Вејн Грифитс и воедно ќе биде дел од највисокиот менаџмент на компанијата, задолжена за менаџирање на корпоративната комуникација, за општествената одговорност и репутацијата, за производи и манифестации, за активирање на содржини и внатрешна комуникација, како раководителка со тим од 30 лица.

Главната цел на Сесилија Таиеб е да ја зајакне дигиталната стратегија на Seat S.A. заради воспоставување нови видови на комуникација, нови канали и платформи, преку кои што ќе се допира до поширок круг корисници во светски рамки.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Таиеб има голем удел во поставувањето нови стандарди за комуникација во многубројните сектори во коишто има работено. Последниот ангажман ѝ бил во глобалната комуникација на Астра Зенека Онкологија, од седиштето во Кембриџ, Велика Британија. Сесилија претходно била директорка за комуникации, обука и усовршување во Јужна Европа, Русија, Полска, Турција и Африка.

Сесилија е дипломирана преведувачка и толкувачка на ИСИТ (Institut Supérieur d’Interprétation et de Traduction) во Париз, магистерка по интернационални бизнис преговори на Универзитетот Сорбона во Париз и завршила извршна програма за бизнис менаџмент на МИТ (Massachusetts Institute of Technology). Таа говори течно шпански, англиски и француски.

>>> Seat ќе ја електризира Шпанија

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Турбо пред 40 години, наскоро електричен: Renault 5

Производителот на телефони Xiaomi ќе изработува и електрични автомобили