Светот најмногу го обожуваше малечкиот француски автомобил поради тоа што се нудеше во најразлични изведби, за секого и за секаде. Тоа важеше посебно за моторите на Renault 5.
Уште во 1975 година, Renault ја понуди спортската изведба Alpine. Нејзините 93 КС во тоа време беа сосем доволни за адреналинот да проработи на максимум. Со крајна брзина од 173 km/h и со спринт за десет секунди од место до 100 km/h, градското автомобилче тешко 840 килограми можеше лесно да им се спротивставува на многу посилните, но и потешки лимузини.
Во тоа време во целата марка Renault владееше пионерска еуфорија од воведувањето на турбото во Формула 1. Спортската „петка“ во 1981 година повторно доби надградба. Французите ѝ вградија турбополнач. Renault 5 Alpine Turbo со 108 КС постигнуваше 191 km/h.
Renault 5 Turbo: Екстремен спортист со мотор во средина
Врвот во моќноста го претставуваше радикално конструираниот Renault 5 Turbo, кој се појави во салоните на француската марка во 1980 година и одвај имаше нешто заедничко со стандардниот модел. Турбо-бензинцот од 1,4 литар со 160 КС и интеркулер не го собираше под предната хауба. Тоа не беше проблем за инженерите. Опашот на 5 Turbo „едноставно“ беше проширен за 20,2 сантиметри, а моторот беше поставен надолжно, веднаш зад предните седишта.
https://photos.app.goo.gl/TsiNuLV7MzCJF6TQ6
Секако дека и моќта на моторот се пренесуваше назад. Димензијата 220/55 VR 365 на задните гуми беше спектакл. Сето тоа беше направено со следната цел: Спринтот на малечкиот турбо од место до 100 km/h траеше само 6,9 секунди – таква вредност постигнуваа само неколку суперспортски модели во тоа време.
Внатрешноста не смееше да заостанува зад изгледот на каросеријата. Болидот изработуван во крајбрежниот град Диеп имаше турбо-спортски седишта, но и патосници во дречлива боја, заедно со облогите на вратите и со арматурната табла. Асиметричниот двокрак волан дозволуваше непречен поглед кон збирката од инструменти, вкупно десет на број.
Вистинскиот терен на Renault 5 Turbo сепак беа рели-патеките. Болидот постигна победи на Рели Монте Карло и на Корзика. Моќноста на тркачките болиди во почетокот изнесуваше 250 КС, за до 1985 година таа да достигне над 400 КС.
Renault 5 Alpine Turbo
https://photos.app.goo.gl/SPKF3w8z3RLpcRWi6
https://photos.app.goo.gl/fuukLr9gj5y6aiDB9
https://photos.app.goo.gl/XxZZyC9CU2gJjMBr9
Renault 5 Turbo
https://photos.app.goo.gl/sh4M2xDNHihy6FDD7
https://photos.app.goo.gl/7EuB65a7cpAfhnUm8
https://photos.app.goo.gl/qVkxPrQHwgBkvUJT8
https://www.instagram.com/p/CKBStp9oqNs/
















