за

Мерцедес Јелинек пред 120 години им го даде името на автомобилите Мерцедес

Два големи историски моменти за Mercedes во април пред 120 години: Победа на Mercedes 35 PS во Ница и раѓање на името на марката.

Победата на Mercedes 35 PS на автомобилскиот турнир „Недела на Ница“ од 25-ти до 29-ти март 1901 година го означува почетокот на ерата на модерните автомобили. Тој момент го означува и раѓањето на името на марката.

Емил Јелинек, своевремено најважен дилер на Daimler-Motoren-Gesellschaft (DMG), на автомобилот со високи перформанси што го нарачува од компанијата за настап на престижната трка во Ница му го дава името на својата ќерка Мерцедес, родена во 1889 година. Бизнисменот со голема пасија за мотоспортот уште од претходно е познат под тркачкиот псевдоним „Месје Мерцедес“.

Во рамките на „Неделата на Ница“ се одржува цела низа натпревари, од кои посебно се издвојуваат победите на Mercedes:

  • Возење на долга релација Ница-Салон-Ница во должина од 392 километри на 25-ти март 1901 година. Вилхелм Вернер победува со просек од 58,1 km/h. Овој настан се води како прва победа на автомобил на Mercеdes во трка.
  • Ридска трка Ница-Ла Турбие на 29-ти март 1901 година. Вилхелнм Вернер победува во класата на двоседи со Mercedes 35 PS во сопственост на Анри де Ротшилд („Dr. Pascal“), поставувајќи рекорд до просечни 51,4 km/h.

На трката во Ница во 1901 година претходат неколку настани, кои го доведуваат во прашање натамошното учество на Daimler (DMG). Емил Јелинек, сепак не се откажува и се залага за развој на иновативен, безбеден и уште посилен автомобил. На тој предизвик одговара главниот конструктор Вилхелм Мајбах.

Како Mercedes го доби името по девојчето Мерцедес
Како Mercedes го доби името по девојчето Мерцедес

Инваторот чиешто име денес го носат автомобилите од врвната понуда на Mercedes, го развива моделот 35 PS, кој важи како прв модерен автомобил. По обемни тестирања, компанијата на 22-ри декември 1900 година го испорачува автомобилот на Емил Јелинек. Неколку месеци подоцна, во април 1901 година, на трката во Ница се појавуваат седум примероци од овој модел.

>>> Како Вилхелм Мајбах трајно го реши проблемот со ладењето на моторите пред 120 години

како вилхелм мајбах трајно го решни проблемот со ладењето на моторите пред 120 години

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

toyota hino водороден камион

Toyota, Hino и Isuzu се здружуваат за камиони на струја

Турбо пред 40 години, наскоро електричен: Renault 5