за

Toyota, Hino и Isuzu се здружуваат за камиони на струја

Заедничката компанија на Toyota, Hino и Isuzu има за цел да го забрза воведувањето на електричниот погон во товарните возила.

toyota hino водороден камион

Корпорацијата Toyota Motor им обезбедува иднина на камионите. Јапонскиот автомобилски концерн ја зајакнува соработката со Isuzu Motors и Hino Motors.

Трите компании ќе ги забрзаат вмрежувањето, автоматизацијата и електрификацијата на товарните возила, а ќе ја подобруваат и безбедноста. За таа цел се формира Commercial Japan Partnership Technologies Corporation, којашто е отворена и за останатите партнери со слични цели.

Експертизата во сегментот на товарните возила што ја имаат Isuzu и Hino се спојува со предводничката улога на Toyota во електрификацијата на погонот. На пат во општество што е неутрално во однос на СО2, трите компании заеднички ќе развиваат возила со погон на водород и чисто електрични возила.

Со соработката се смалуваат трошоците за возилата, а од друга страна масовно се промовираат истите. Покрај изградба на инфраструктура, се предвидуваат и заеднички тестирања, на пример на камиони со погон на водород во јапонската префектура Фукушима. Целта е овој вид на погон да се популаризира во јавноста.

Партнерите ќе соработуваат и во технологијата за автопилотирано возење, како и во заедничкиот развој на електронски платформи, особено во делот на помалите товарни возила. Понатаму, Isuzu, Hino и Toyota планираат да ги спојат своите постоечки технолошки платформи, со цел да се оформи заеднички форум за товарни возила.

Преку оваа заедничка платформа ќе се нудат различни решенија за логистика, кои освен подобрување на ефикасноста на транспортот, ќе ја сведуваат и емисијата на СО2 на минимум. На недостигот од возачи, долгото работно време и останатите проблеми во браншата ќе се реагира со интелигентна техника и со умни услужни дејности.

Isuzu и Toyota се сложија за зајакнување на партнерството во капиталот. Двете компании ќе си разменат акции. Toyota презема 39 милиони основни акции во вкупна вредност од 42,8 милијарди јени (332,9 милиони евра), што одговара на удел од 4,6 проценти.

>>> Камион Kenworth без проблеми на Пајкс Пик – со водороден погон од Toyota

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

За погон на сите тркала, кај специјалистот Suzuki

Кои се најпродаваните модели во Мексико?

Мерцедес Јелинек пред 120 години им го даде името на автомобилите Мерцедес