за

Кои се најпродаваните модели во Мексико?

Мексико е мошне актуелно на македонската сцена. Од гледиште на автомобилизмот, во минатиот месец е највпечатлив растот на Suzuki и пласманот на неговиот Jimny во Топ 20.

За погон на сите тркала, кај специјалистот Suzuki

Мексиканскиот пазар на патнички автомобили не е исклучок од глобалниот тренд во услови на пандемија и во февруари забележал пад од 21,1% во споредба со истиот месец лани. Вкупно се продадени 82.323 возила, односно 163.526 од почетокот на годинава.

Најпродавана марка на мексиканскиот пазар во минатиот месец е Nissan (-19.2%), кој држи повеќе од една петина од пазарот. По него следат Chevrolet (-32.8%) и Volkswagen (-21.9%), со пад во продажбата повисок од пазарниот просек. Mazda е четврта најпродавана марка, со пад од 9,9 проценти во февруари, водечката петорка ја заокружува Toyota (-13.3%).

Одлично се држи Kia на шестото место (-18.4%), со помал пад во продажбата од Hyundai (-19.8%). Повеќе проблеми со задржување на продажбата имаат Ford (-24.5%) и Honda (-43.2%). Херој на месецот е Suzuki, кој наспроти општиот пад на пазарот, во минатиот месец дури и ја зголемил продажбата за 21,3%, искачувајќи се две позиции од јануари, на 8-то место. Уделот на јапонската марка во Мексико изнесува 3,7 проценти. Ваквиот раст се должи најмногу на еден модел, на добро познатиот Jimny.

Само уште неколку марки покрај Suzuki постигнале раст во минатиот месец на мексиканскиот автомобилски пазар: Volvo (+23%), Fiat (+14,2%), Subaru (+13,9%), Buick (+9%) и кинескиот JAC (+6,2%).

Во конкуренција на модели, трите први места му припаѓаат на Nissan, со моделите Versa (-33,7%), со Pickup (+10,5%) и March (-6,9%). Четврти најпродаван модел е Chevrolet Beat (-43,3%), кој сепак има голем пад во споредба со лани. Истото важи и за Chevrolet Aveo (-62,2%) на местото место. Продолжува напредувањето на Chevrolet Onix (+32,2%) на 8-то место, додека вторпат во Топ 10 се појавува Kia Seltos (+58,8%).

Од свежо пристигнатите модели на пазарот, Chevrolet Tracker завршил три места подолу отколку во јануари. Шампионот меѓу моделите е Suzuki Jimny, кој се искачил за дури 51 место и се најде во Топ 20 на најпродавани модели во Мексико, со повеќе од 1.000 примероци за еден месец.

Топ 25 Најпродавани модели во Мексико во февруари

Модел Фев-21 Тренд ’20
Nissan Versa 5332 -33.70%
Nissan Pickup 4898 10.50%
Nissan March 3894 -6.90%
Chevrolet Beat 3201 -43.30%
VW Vento 2569 -13.60%
Chevrolet Aveo 2427 -62.20%
Kia Rio 2390 -17.70%
Chevrolet Onix 2051 32.20%
Nissan Sentra 1540 -20.50%
Kia Seltos 1375 58.80%
Hyundai Grand i10 1333 -10.40%
Mazda3 1314 -9.90%
Honda HR-V 1279 5.70%
Toyota RAV4 1233 -8.40%
Toyota Hilux 1209 38.80%
Nissan Kicks 1200 -21.80%
Kia Forte 1181 -29.70%
Chevrolet Tracker 1032 new
Suzuki Jimny 1025 new
Ram 1500-4000 1022 -37.50%
VW Jetta 976 -56.60%
Renault Kwid 969 26.80%
VW Saveiro 957 18.00%
Mazda CX-5 952 23.20%
VW Virtus 933 8.40%
Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Два модели на Peugeot најпродавани во Европа во февруари

toyota hino водороден камион

Toyota, Hino и Isuzu се здружуваат за камиони на струја